24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBMW почнува да произведува заштитни маски

BMW почнува да произведува заштитни маски

Германскиот производител на автомобили BMW ќе започне со производство на маски за лице за да го заштити сопствениот персонал и јавноста од ширењето на новиот коронавирус, изјави во средата извршниот директор Оливер Зипсе.

Изјави дека BMW наскоро ќе може да произведе неколку стотици илјади маски на ден, пренесува Reuters.

Компанијата веќе доставила до владата 100.000 маски од сопствените залихи, во средата им испратиле уште 50.000 маски и милион медицински раквици, а уште еден милион маски се планираат да се произведат и испорачаат во наредните две недели.

BMW во понеделникот објави дека прекинот во производството во нивните фабрики се продолжува за две недели, до 30 април.

Пред неколку дена, на производство на маски се одлучи и Lamborghini.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП