Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,950.00 -0.46%    GRNT 975.00 0%    KMB 5,849.74 -0.11%    STB 1,057.78 0.62%    TNB 16,700.00 2.45%    

Нови 18 заболени од коронавирус, две лица починале

Време: 15:16

Датум: април 8, 2020

Категорија: ЕКОНОМИЈА

На Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје почина едно лице од Куманово на возраст од 73 години. Во својот стан во Кавадарци, пак, е пронајдено починато лице на возраст од 44 години, кај кого постмортем е земен брис и истиот вчера потврдил присуство на вирусот.

Како што соопшти Министерството за здравство, од Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје денеска се испишани пет оздравени пациенти, кои по два негативни контролни бриса, во добра општа состојба заминуваат дома.

Во изминатите 24 часа регистрирани се 18 нови случаи позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје – 7, Куманово – 2, Прилеп – 4, Битола – 2, Кавадарци -1 (починатиот), Крушево – 1 и Кочани -1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 617 лица.

На Инфективната клиника примени се четири нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 66 пациенти, од кои седум пациенти се на механичка вентилација.

Во болницата „8 Септември“ примени се четири нови сомнителни пациенти на коронавирус. Вкупната бројка на позитивни и сомнителни на Ковид-19 во оваа болница е 26 пациенти, од кои осум се во тешка состојба, а тројца пациенти се на респираторна машина.

Во болницата во Штип, како што соопшти Министерството, нема нови примени пациенти на болничко лекување. Во моментов се хоспитализирани четири пациенти, од кои еден пациент со средно-тешка клиничка слика со пневмонија и три стабилни.

Во болницата во Битола исто така нема прием на нови пациенти. Во моментов четири пациенти кои се на хоспитален третман се стабилни.

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во: Скопје – 261, Куманово -130, Дебар – 49, Штип-20, Прилеп – 38, Тетово – 29, Струга – 28, Велес – 10, Битола – 8, Охрид – 3, Кавадарци – 3, Гостивар – 4, Гевглелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-3, Радовиш – 4, Крушево – 3 и Кочани – 18.

Во изминатото деноноќие направени се 351 теста. Од нив преку ИЈЗ-185, преку Ветеринарен факултет –19, Авицена –22 , Биотек –25 и Фипил Втори (Жан Митрев) –100 . Досега во земјата се направени 6.230 тестирања на Ковид-19. 

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Четворица починати и 101 случај на новозаразени од Ковид-19

    Четворица починати и 101 случај на новозаразени од Ковид-19

    Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на Ковид-19, информираат од Минитерството за здравство. Најмногу од новозаразените се…

  • Европската агенција објави список на аеродроми ризични за ширење на COVID-19

    Европската агенција објави список на аеродроми ризични за ширење на COVID-19

    Европската агенција за безбедност во воздухопловството (EASA) направи список на аеродроми кои се наоѓаат во области со висок ризик од пренесување на инфекцијата COVID-19, се наведува…

  • Нафтата прв пат по три месеци поскапа од 40 долари

    Нафтата прв пат по три месеци поскапа од 40 долари

    Цените на нафтата денес надминаа 40 долари на меѓународните пазари, и тоа прв пат од март, охрабрени од пониските американски залихи, очекувањата за континуирано намалување…

  • Германија од 15 јуни ја укинува забраната за патувања за некои европски земји

    Германија од 15 јуни ја укинува забраната за патувања за некои европски земји

    Германската влада планира да ја укине забраната за патување за некои европски земји од 15 јуни. Владата на Германија ќе го стори тоа доколку во…

  • Нови правила на грчките плажи – помалку забави

    Нови правила на грчките плажи – помалку забави

    Грчкото министерство за внатрешни работи, заштита на граѓаните, труд и развој издаде упатства за организирање забави на плажи, за да не се загрозува здравјето на…

  • Шведскиот епидемиолог признава: Денес би одлучил поинаку

    Шведскиот епидемиолог признава: Денес би одлучил поинаку

    Главниот шведски епидемиолог кој стои зад стратегијата на земјата да не се затвори поради пандемијата од коронавирус призна дека требало да се воведат повеќе ограничувања…

  • Италијанците од денеска може да патуваат низ земјата

    Италијанците од денеска може да патуваат низ земјата

    Италија денеска ги отвори регионалните граници по тримесечна блокада поради пандемијата, со што е овозможена поголема слобода на движење за повеќе од 60 милиони жители…

  • Нов рекорден број на починати од Ковид-19 во Бразил

    Нов рекорден број на починати од Ковид-19 во Бразил

    Во Бразил е регистриран нов рекорден број на смртни случаи во еден ден, соопшти бразилското Министерство за здравство, а пренесе агенцијата „Ројтерс“. Како што пренесуваат…

  • Војска распоредена околу Вашингтон, трупите се во состојба на засилена готовност

    Војска распоредена околу Вашингтон, трупите се во состојба на засилена готовност

    Околу 1.600 американски војници се распоредени во пошироката област на Вашингтон и се во состојба на засилена подготвеност, објави Пентагон откако во градот продолжија протестите…

  • Калиопи фан арт го доби својот победник

    Калиопи фан арт го доби својот победник

    По неколкумесечното онлајн дружење и натпреварување го добивме Grand Prix добитникот на годинaшниот Калиопи Фан Арт – креативен онлајн натпревар. По пребројувањето на гласовите од наградените,…