27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА195 милиони работни места ќе бидат изгубени ширум светот

195 милиони работни места ќе бидат изгубени ширум светот

Меѓународната организација на трудот (МОТ), тело на ООН, проценува дека 195 милиони работни места со полно работно време би можеле да бидат изгубени само во вториот квартал од оваа година, поради избувнување на болеста COVID-19, поради што се затворени претпријатијата и фабриките ширум светот.

Проекцијата на МОТ е заснована на растечкото влијание од последиците на пандемијата.

Тоа е големо зголемување на проценките во однос на она од 18 март за загубата на 25 милиони работни места за целата 2020 година.

Генералниот директор на MOT, Гај Рајдер изјави дека „бројките моќно зборуваат сами за себе дека светот за работа трпи апсолутно извонреден пад“.

MOT вели дека мерките целосно или делумно ограничување на движењето на луѓето погодуваат скоро 2,7 милијарди работници или 81 процент од глобалната работна сила.

Од нив, 1,25 милијарди се во тешко погодените сектори како што се угостителство, производство и малопродажба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП