24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPSA групацијата донираше над 400.000 маски и друга медицинска опрема на болници...

PSA групацијата донираше над 400.000 маски и друга медицинска опрема на болници во Европа

Риселхајм. Opel придонесува во борбата против ширењето на коронавирусот со донирање на околу 50.000 заштитни маски во болниците и установите за социјална заштита низ цела Германија. Производителот на автомобили ќе подари 12.000 заштитни маски само на ГПР Клиниката во Риселсхајм.

„Лекарите и медицинските сестри на ГПР Клиникум деноноќно се грижат за пациентите со корона. Нивниот неуморен напор е извонредно достигнување што го заслужува нашето целосно почитување и поддршка“, вели Ралф Вангеман, извршен директор за човечки ресурси на Opel Automobile GmbH.

Донацијата на заштитните маски е знак на прeпознавање и признавање. Вангеман исто така истакна дека компанијата во моментов спроведува засилен санитарен протокол низ сите свои оддели за да ги заштити вработените, и да создаде услови за рестартирање на производството подоцна.

PSA Groupe ги поддржува оние кои работат секој ден за да го заштитат здравјето на другите, да се грижат за луѓето кои имаа потреба или да ги задоволат основните потреби на општеството за време на кризата со KОВИД-19. Групацијата веќе донираше повеќе од 400.000 заштитни маски во светот во болниците, службите за итни случаи и локалните власти. Во исто време, медицинските служби на групацијата организираат донации на медицински помагала како што се дефибрилатори или комплет за прва помош и нараквици во болници во особено погодените региони во Милано, Мадрид и Мулхаус.

Покрај тоа, Free2Move, брендот за мобилност на Groupe PSA, им понуди на болниците и другите здравствени установи можност за употреба на возила од своите флоти во Париз, Мадрид и Лисабон. Работилниците и центрите за поправка што се отворени можат да обезбедат поддршка за безбедна мобилност на медицински професионалци и специјалисти за дистрибуција на стоки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП