27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBoeing го суспендира производството на авионите 787

Boeing го суспендира производството на авионите 787

Компанијата Boeing најави дека привремено ќе го прекине производството на авионите 787 во погоните во американската држава Јужна Каролина поради пандемијата од коронавирус.

Соопштението следеше откако гувернерот на Јужна Каролина издаде наредба во која се бара граѓаните да останат дома, освен во случај кога им е неопходно движење, објави синоќа Reuters.

Boeing во неделата на неодредено време го продолжи прекинот на производство во објектите во сојузната држава Вашингтон.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП