18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПродажбата на автомобили во Германија потона за 38 проценти

Продажбата на автомобили во Германија потона за 38 проценти

Регистрацијата на нови автомобили во Германија во март паднала за дури 38 проценти, на 215.199, под влијание од кризата со пандемијата од коронавирусот, објави германската агенција за регистрација на автомобили KBA.

Tesla и Lexus биле меѓу брендовите чија продажба релативно добро се движела. Продажбата на Lexus паднала за 2,8 проценти, а на Tesla 4,4 проценти.

Германскиот пазарен лидер Volkswagen бележи пад на продажбата од дури 35 проценти, вториот омилен бренд Mercedes во март продал 28 проценти помалку возила, а  BMW 21 проценти помалку.

Audi забележал пад од 37 проценти, додека продажбата на Ford опаднала дури за 50 проценти.

Ова е најсилниот месечен пад досега забележан, објави здружението на увозници VDIK.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП