петок, 9 декември 2022
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАБританија вложува милијарда во еко-технологија

Британија вложува милијарда во еко-технологија

248737_kraljica1-foto-afp_f

Британската влада и автомобилската индустрија ќе инвестираат милијарда фунти (1.5 милијарди долари) во еден истражувачки центар за развој на технологијата со ниска емисија на јаглен-диоксид. Со тоа се очекува да се осигура работа за 30.000 луѓе кои ќе работат во автоиндустријата.

Владата и групацијата од 27 компании, вклучувајќи ги и големата нафтена компанија „BP“, индискиот производител на возила „Tata motors“ и производителот на делови „GKN“, соопштија дека ќе инвестираат по 500 милиони фунти во наредните десет години во „напредниот погонски центар“(APC) кој ќе се занимава со истражување, развивање и комерцијализација на овие технологии.

Растот во продажбата на возила во Британија во последните 16 месеци се единствената светла точка во рецесијата во која се најде европската автомобилска индустрија, а владата со вакви мерки ќе настојува да ја добие довербата на најголемите светски производители и снабдувачи на делови, своето работење да го преместат во Британија.

Меѓу компаниите кои ја поддржаа ова инвестиција се БМВ, Бош,Форд, Катерпилар и Нисан.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП