18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза го објави Месечниот статистички билтен за март 2020

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за март 2020

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.03 – 31.03.2020 година вкупниот промет изнесувал 2.785.792.356 денари и е зголемен за 250.23 отсто во однос на претходниот месец. 

Класичното тргување изнесувало 1.484.434.935 денари и е зголемено во однос на февруари за 134,77 отсто кога изнесувало 632.283.863 денари.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 1.446.736.000 денари и обврзници во вредност од 37.698.935 денари.

Блок трансакциите за март изнесувале 1.301.357.421 денари и се зголемени за 1741,75 отсто во однос на февруари.

Бројот на трансакции во март изнесувал 4.828 и е зголемен за 98.11 отсто во однос на февруари кога изнесувал 2.437.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за март се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи Алкалоид АД Скопје и третото место го зазема НЛБ Банка АД Скопје.

Месечниот статистички билтен за март 2020 година можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП