18 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕве кој вид сместување сега најмногу се бара на Airbnb

Еве кој вид сместување сега најмногу се бара на Airbnb

Коронавирусот прво и најсилно удри на пазарите на туризам, патувања и сместување, а денес речиси и да нема индустрија која не е погодена и загрозена од оваа ситуација.

Еден од најголемите губитници во хаосот предизвикан поради коронавирусот е и Airbnb – компанија која беше во подготовки за излез на берзата и пред ширењето на епидемијата забележа (неочекувани) загуби, а со ширењето на вирусот започнаа многу откажувања на веќе закажани резервации, додека бројот на нови резервации е многу намален.

Но, додека повеќето сместувања на Airbnb зјаат празни, еден вид сместување во последно време процвета и забележан е голем пораст на резервации, барем според податоците на САД.

Станува збор за сместување во руралните делови на САД, односно куќи и викендици одалечени од поголемите градови во кои се чини луѓето веруваат дека се безбедни. Со оглед на тоа дека градовите како Њујорк очекуваат голем пораст на заразени, а дури се споменува и можноста за карантин, дел од луѓето кои ја имаат таа можност резервирале сместување во делови од земјата оддалечени неколку часа од местото на живеење и во нив планираат да ги поминат следните неколку недели.

Исто така, дел од луѓето резервирале сместување во своите родни градови, кој освен да побегнат од големите градови, туку и за да бидат блиску до родителите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП