4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоловина планета во карантин

Половина планета во карантин

Половина од светската популација, односно повеќе од 3,9 милијарди луѓе, се наоѓаат под мерката на задолжителен или препорачан карантин. Досега мерките на ограничување на движењето се воведени во повеќе од 90 земји, објави France Presse, повикувајќи се на сопствени податоци.

Откако беше воведен полициски час во Тајланд, држава во која живеат скоро 70 милиони луѓе, и официјално е преминат прагот од 50 проценти од светската популација.

Во многу земји, излегувањето од дома е можно само поради одење на работа, купување на основните намирници или одење на лекар.

Во 26 земји кои опфаќаат 500 милиони жители, воведен е и полициски час, односно забрана за движење во текот на вечерта и ноќта.

Во некои земји, каратин е воведен само за одредени градови, па да речеме во таков режим се Хелсинки, Киншаса, Мека или Баку.

Според официјалните бројки на Обединетите нации, во светот има 7,8 милијарди луѓе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП