28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПродажбата на H&M потона во март, очекуваат загуба во вториот фискален квартал

Продажбата на H&M потона во март, очекуваат загуба во вториот фискален квартал

Шведскиот ланец за облека H&M во петокот извести дека продажбата во март е скоро преполовена поради пандемијата од коронавирусот, предвидувајќи дека вториот фискален квартал ќе се затвори со загуба.

Поради пандемијата, H&M привремено ги затвори повеќето продавници, најави отпуштања на голем број на работници и ја укина годишната исплата на дивиденда, прв пат од воведување на берзанската котација во 1974 година.

“Поради драматичниот пад на пазарот, мора да донесеме многу тешки одлуки и да преземеме одлучни мерки. Со секој ден во кој ни се затворени продавниците, ситуацијата станува се по предизвикувачка”, изјави новоназначената извршна директорка Хелена Хелмерсон.

Според неа, на крајот на март, имало привремено затворени 3.778 продавници на 54 пазари, вклучително и големите пазари како Германија, САД, Велика Британија, Франција, Италија и Шпанија. Во групацијата вкупно има 5.065 продавници.

Продажбата е скоро преполовена, но продавниците преку интернет и понатаму се отворени на повеќето пазари, посочува H&M.

Во Кина, физичките продавници повторно се отворија и групацијата забележува “постепено закрепнување”. Во февруари, продажбата во Кина потонала 84 проценти.

Во првиот фискален квартал кој завршил во февруари, компанијата објави нето добивка од 1,92 милијарди шведски круни (389 милиони долари), повеќе од двојно отколку во истиот минатогодишен период.

Приходите искажани во локална валута пораснале за пет проценти на 54,95 милијарди круни.

Во вториот фискален квартал компанијата очекува загуба.

Поединци и цели заедници се наоѓаат во ” досега невидена ситуација поради пандемијата од коронавирусот и се воведени мерки за спречување на ширењето на вирусот“, истакнува Хелмерсон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП