29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрифати го предизвикот – стани маркетер во Lyconet мрежата

Прифати го предизвикот – стани маркетер во Lyconet мрежата

Во состојба на голема економска и трудова неизвесност, младата популација е онаа категорија која е доста погодена, и стапката на невработеност е највисока токму кај неа. Покрај невработеноста, моментално се наоѓаме и во време на пандемија, а тоа дополнително ги загрижува како младите така и сите компании. Ретки се компаниите кои не се погодени во овие моменти, и не трпат намалување во човечките ресурси. Исто така, не секоја компанија може да им понуди кариера на млади луѓе кои имаат скромно или никакво работно искуство. Lyconet (Лајконет) затоа, и во овие тешки околности, им нуди можност на сите генерации да започнат да развиваат професионални вештини и веднаш да градат работно искуство и кариера.

Lyconet (Лајконет) на своите маркетери им овозможува непречена работна околност со целосна онлајн адаптација, со помош на вебинари, Business Intelligence системи и бизнис апликации. Дополнително нуди и можност на секој заинтересиран да започне сопствен бизнис и да напредува во кариерата, истовремено нуди и можност за заработка на солиден приход за сработеното. Да, дури и во овие околности!

Гордан Ѓуровски ни доаѓа од Свети Николе, има 28 години и тој е еден од 350.000 луѓе во светот кои одлучија да го прифатат предизвикот и да започнат да работат како маркетери во Lyconet мрежата, глобално присутна на 49 пазари. Со Гордан позборувавме за тоа што значи да си Lyconet маркетер, што му се допаѓа кај оваа работа и кои можности ги нуди компанијата.

Гордан вели дека со концептот на мрежниот маркетинг се запознал уште кон крајот на 2013 година, но како Lyconet маркетер започнал да работи во јуни 2016 година. На почетокот имал голема скепса кон начинот на функционирање на овој бизнис модел и со него се занимавал по 1-2 часа дневно, како начин за остварување на дополнителен приход. Меѓутоа, после само шест месеци сфатил дека работејќи како маркетер може да остварува одлична заработувачка, што било причина целосно да се посвети на мрежниот маркетинг.

Гордан како Lyconet маркетер во моментов се наоѓа на 6-то кариерно ниво (од вкупно 8), со тим од над 50 луѓе во кариерно ниво 2 и погоре, кој е присутен во 26 држави. Тој и неговиот тим целат кон ширење на пазарите низ целиот свет и остварување на што поголеми резултати. Покрај можноста за напредок и професионален развој, вели дека бројни се причините поради кои му се допаѓа оваа работа.

„Во работата како маркетер најмногу ми се допаѓа тимскиот дух и можноста да изградам своја интернационална мрежа на потрошувачи и бизнис партнери. Запознавањето со нови луѓе, размената на искуства и идеи е големо богатство за мене. Одлично e што сум сам свој шеф и сè зависи од мене. Јас си го организирам своето време кога сакам, каде сакам, со кој сакам и колку сакам да работам. Ја обожувам слободата која ми ја дава оваа работа“, вели Гордан.

Lyconet (Лајконет) како бизнис модел нуди лесен пристап до платформата, каде што секое физичко лице може да го започне како свој бизнис. Огромна придобивка претставува и тоа што на самиот почеток од започнувањето на сопствениот бизнис, маркетерите добиваат поддршка и менторство од луѓе кои веќе имаат искуство и постигнати резултати зад себе. „Доколку преземеме акција и имаме цел, тие се тука да ни помогнат што побрзо ја оствариме нашата цел и да бидеме што е можно поуспешни. Покрај тоа, се организираат и мега настани, кои според мене се голема животна лекција и се клучни за остварување на позитивна промена кај себе. На овие настани имаме можност да учиме од едни од најуспешните луѓе во светот како што се Tony Robbins, Eric Worre, Manfred Winterheller и други. Lyconet ни нуди можност да учиме од најдобрите”, сподели со нас Гордан.

Од неговото досегашни искуство како маркетер и знаењето коешто го има добиено во овие години, вели дека многу е важно кои се твоите ментори и од кој го црпиш знаењето и советите, кои понатака треба да ги примениш во работата како маркетер, но и во животот генерално. Тој е горд што е дел од Lyconet  затоа што во развивањето на неговите бизнис вештини, компанијата е тука да му помогне и да му понуди професионалци, кои ќе му дадат совети засновани на искуство и резултати. „Ако сакаме да успееме треба да го слушаме оној кој направил резултати, затоа што само тој може да ни пренесе знаење и да не научи како да го изградиме овој бизнис“, вели Гордан.

На младите луѓе им препорачува да го прифатат предизвикот и да започнат да се занимаваат со мрежен маркетинг како дел од Lyconet мрежата. А кога ќе започнат со оваа работа, да веруваат во себе, да бидат истрајни, упорни, конзистентни и да преземаат МАСОВНА АКЦИЈА. Да бидат присутни на сите настани, од бизнис работилници, па сè до мега настани, зошто токму на тие настани се отвораат видици, се градат мрежи на бизнис соработници, но и пријатели кои се тука да ти помогнат во секое  време од твојот професионален раст и развој.

Гордан освен што редовно и активно работи во Lyconet програмата, редовно ги користи предностите на Cashback World (Кешбек Ворлд) платформата на МАЈВОРЛД МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје. Вели дека во вакви моменти на пандемија кога движењето е целосно ограничено, тој препорачува што повеќе да се купува онлајн и да се користи Cashback APP апликацијата. Со Cashback World, Гордан има можност да нарачува и плаќа онлајн во големи компании низ целиот свет, а добива и дополнителни попусти со секое пазарување. А исто така преку апликацијата може да се купува и со е-ваучер кај големите локални концерни како што се: Веро, Систина, Тинекс, Спорт Вижн, Спорт М, Рептил Маркети, Електрометал и други.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП