27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНад еден милион луѓе се заразени со коронавирус во светот

Над еден милион луѓе се заразени со коронавирус во светот

Бројот на заразени со коронавирус во светот достигна еден милион и сега изнесува 1.000.168, покажуваат податоците на страницата „Ворлдометерс“. Од пандемијата починаа над 50.000 луѓе, а половина од човештвото се наоѓа во изолација.

Само во последните 24 часа во Италија починаа 760 луѓе, во Шпанија 950, а во Велика Британија 569.

Холандија и Белгија исто така бележат смртност во еден ден, така што во Холандија во последните 24 часа починале 166 луѓе, а во Белгија 183.

Што се однесува до нашиот регион, во Србија во еден ден од коронавирус починале три лица, во Словенија двајца, а во Хрватска еден човек.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП