Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 12,595.67 -0.06%    GRNT 1,011.33 1.13%    KMB 5,989.65 -0.19%    MPT 67,718.93 -0.44%    OKTA 3,802.00 0.53%    REPL 82,000.00 0%    SBT 2,998.00 3.69%    STB 1,130.33 2.76%    TEL 319.00 0%    TNB 16,299.91 -0.62%    TTK 1,242.00 -1.5%    UNI 2,021.00 1.05%    

Македонски Телеком: Корисниците ќе ги добиваат сметките електронски

Време: 15:24

Датум: април 2, 2020

Категорија: КОМПАНИИ

Во услови на вонредна состојба, Владата донесе уредба со законска сила за примена на електронски фактури. Со уредбата, која е донесена како мерка за превенција, ќе се избегне изготвувањето и доставата на фактури во хартиена форма и ќе се поттикне електронското плаќање од дома без непосреден контакт.

Согласно оваа уредба, Македонски Телеком ги известува корисниците на мобилни услуги и Magenta 1 пакети, кои немаат активирано е-сметка, дека ќе добијат известување и насоки за преземање на сметката за месец март преку SMS порака.
Оние корисници пак кои имаат активирано e-сметки, ќе продолжат да ги добиваат на истиот начин и во истиот формат и во иднина.

На деловните корисници на мобилни услуги и Magenta 1 Business пакети, е-сметката ќе им бидe доставенa само преку електронска пошта.

Kорисниците на фиксни услуги и сите останати корисници на Македонски Телеком кои сѐ уште немаат активирано е-сметка, може да го направат тоа брзо и едноставно на следниот линк или преку Telekom MK App.

Дигиталното плаќање е од заеднички интерес на сите граѓани, од една страна за заштита на животната средина, од друга како превенција на непосреден контакт и зачувување на здравјето на сите во овие вонредни услови.

Електронските сметки можат брзо и едноставно да се платат од дома: онлајн на telekom.mk или преку Telekom MK App со платежна картичка.

Со приемот на електронските фактури, корисниците ги задржуваат истите права и обрски, но и покрај ова, доколку корисниците сакаат да продолжат да примаат сметка во хартиена форма, во рок од 10 дена по примањето на ова известување, треба да нè контактираат на  148 888.

Oстанете дома и плаќајте ги сметките дигитално.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • ЈП Водовод и канализација – Скопје овозможува пристап до своите услуги преку мобилната апликација

    ЈП Водовод и канализација – Скопје овозможува пристап до своите услуги преку мобилната апликација

    ЈП Водовод и канализација – Скопје е секогаш во служба на своите корисници и граѓаните на градот Скопје. Следејќи ги трендовите на дигитализација, ЈП Водовод…

  • Како до дополнителна заработка од дома во услови на намалена вработеност?

    Како до дополнителна заработка од дома во услови на намалена вработеност?

    Вклучете се во Lyconet мрежата и заработувајте брзо и лесно од удобноста на вашиот дом Моменталната ситуација со пандемијата и порастот на невработеноста, дополнително ги…

  • Mobile – Ново постпејд портфолио на Македонски Телеком

    Mobile – Ново постпејд портфолио на Македонски Телеком

    15 GB мобилен интернет и дополнителни придобивки по избор секој месец Во овие времиња, многу работи се променија, а многумина препознаа можност да научат нешто…

  • Nestle во Кина инвестира 102 милиони долари во производство на вегетаријанска храна

    Nestle во Кина инвестира 102 милиони долари во производство на вегетаријанска храна

    Швајцарски Nestle договори соработува со економскo-технолошката развојна зона Тијанџин (TEDA) за изградба на фабрика со годишен капацитет на производство од 8 илјади тони. Првата фабрика на…

  • Акциите на Amazon и Facebook ги срушија сопствените рекорди

    Акциите на Amazon и Facebook ги срушија сопствените рекорди

    Вредноста на акциите на американските технолошки компании Amazon и Facebook ги срушија сопствените рекорди. Акциите на Amazon пораснаа за два проценти откако технолошкиот гигант повторно ги…

  • Приходите на Xiaomi во првиот квартал пораснале за 13,6 проценти

    Приходите на Xiaomi во првиот квартал пораснале за 13,6 проценти

    Пандемијата од COVID-19 не влијаеше негативно на приходите на кинеските технолошки компании, па така и Xiaomi забележа раст на приходите кој се искачи на 7…

  • „Глобал фајнанс“ ја прогласи „Охридска банка“ за најдобра банка во земјава за 2020

    „Глобал фајнанс“ ја прогласи „Охридска банка“ за најдобра банка во земјава за 2020

    Светскиот финансиски магазин „Глобал фајнанс“, петта година по ред, ја прогласува „Охридска банка“ за најдобра банка во земјава. Имено, публикацијата, издадена од Светската Банка, 27-ми…

  • Канадска авиокомпанија отпушта 20.000 работници

    Канадска авиокомпанија отпушта 20.000 работници

    Од најголемата канадска авиокомпанија велат дека поради болеста COVID-19, бројот на летови е намален за 95 проценти и дека не очекуваат скоро нормализација на работењето.…

  • Аплицирај.мк – Аплицирај за работата која ја посакуваш!

    Аплицирај.мк – Аплицирај за работата која ја посакуваш!

    Аплицирај.мк со онлајн локација www.apliciraj.mk претставува нова иновативна платформа коjа ги споjува сите кои бараат работа, пракса, надоградување на своите вештини и знаење со сите…

  • Авио-гигант отпушта дури 30.000 вработени?

    Авио-гигант отпушта дури 30.000 вработени?

    Еден од светските гиганти во воздушниот сообраќај, Emirates, размислува за отпуштање дури 30.000 луѓе. Најголемиот светски превозник на долги летови би можел да го намали…