25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЖито: Придонесуваме за дополнителна стабилност на државниот буџет

Жито: Придонесуваме за дополнителна стабилност на државниот буџет

Велешкиот трговски синџир „Жито“ донесе одлука активно да се вклучи и да придонесе за дополнителна стабилност на државниот буџет со предвремено плаќање на месечните аконтации на данок на добивка за 2020 година, во висина од 10.559.513 денари.

Од компанијата соопштуваат дека на овој начин сакаат да дадат конкретна поддршка за зголемување на капацитетите на државата за поуспешно и поефикасно справување со ситуацијата и заштитата на здравјето на сите граѓани.

„Во овие тешки времиња потребно е да покажеме единство и солидарност повеќе од кога било, да се сплотиме и да се потпреме едни на други за да може што побрзо да закрепнеме и да се вратиме во нормала. Како компанија, остануваме посветени на почитување на препораките и мерките на соодветните институции, бидејќи јавното здравје е општествена одговорност и зависи од сите нас“, истакна Јованче Ѓошевски, управител на „Жито“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП