22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајмалку еден милион работници во ЕУ во текот на изминатите две недели...

Најмалку еден милион работници во ЕУ во текот на изминатите две недели останале без работа

Најмалку еден милион работници во ЕУ ја изгубиле работата во изминатите две недели, соопшти Европската конфедерација на синдикати. Ова е, всушност, официјалниот број на луѓе кои во спометаниот период се пријавиле во бироата за невработени.

Меѓутоа, во Конфедерацијата сметаат дека тој е многу поголем. Затоа што ако во оваа статистика би се вклучиле и фриленсери кои останале без аранжман и луѓето кои работеле “на црно”, бројот на невработени би бил значително поголем.

Со кризата најмногу се погодени малите и средни претпријатија, кои веројатно и ќе бидат нов извор на невработеност. Многу од нив привремено ја прекинаа работата, со големи изгледи дека повеќе нема ни да продолжат.

Од таа причина, синдикатите апелираат на ЕУ повеќе да се ангажира во заштита на работните места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП