29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИстрага против Amazon поради отпуштање на вработен

Истрага против Amazon поради отпуштање на вработен

Компанијата Amazon е под огромен притисок поради отпуштање на еден вработен во Њујорк.

Amazon тврди дека човекот кој работел во магацин е отпуштен бидејќи не ги почитувал прописите за карантин и ги довел до опасност другите вработени, отпуштениот тврди дека отказ добил бидејќи подготвил штрајк поради условите за работа во кои вработените се слабо заштитени од коронавирус.

Бидејќи ова не е прв приговор за компанијата поради условите за работа, се чини дека повеќе се поверувало на вработениот, па во случајот се вклучиле градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио но и добро познатата њујоршка обвинителка, Летиција Џејмс.

Де Бласио дал налог на својата секретарка за човекови права да се справи со случајот, а Летиција Џејмс, оценувајќи го отказот „Неморален и нехуман“, најавила активирање на сите законски опции и го повикала National Labor Relations Board да поведе постапка.

Компанијата Amazon е една од победниците во тековната корона-криза бидејќи бизнисот со намирници цвета, и вработила дополнителни 100.000 работници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП