Германската авиокомпанија Lufthansa го намалува бројот на работни часови за скоро две третини од своите вработени ширум светот, објави Business Insider.
Извештајот е објавен во јавноста само еден ден откако компанијата постави 27.000 од 35.000 своите работници на скратено работно време со поддршка од владата, поради пандемијата од коронавирус.
Сега, Lufthansa планира да го примени истото сценарио за 60.000 работници во различни сестрински компании.
Германската авиокомпанија претходно ја прекина работата на најголемиот дел од својата флота како одговор на пониската побарувачка, исто така и поради коронавирусот.