4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКазината и автомат клубовите од Групацијата НОВОМАТИК и АПЕКС МК ќе ги...

Казината и автомат клубовите од Групацијата НОВОМАТИК и АПЕКС МК ќе ги задржат сите 2000 вработени

Групацијата НОВОМАТИК и АПЕКС МК во соопштението до медиумите објави дека сите 1.700 вработени во Групацијата НОВОМАТИК (Адмирал, Астра и Казино Фламинго Хотел) и 250 вработени во компанијата АПЕКС, воопшто не треба да се грижат за своите работни места

“Почитувајќи ги мерките пропишани од Владата на Република Северна Македонија, со цел да не се става во ризик здравјето на граѓаните, нашите автомат клубови и казина во земјава не вршат дејност. Денес, ја користиме приликата да ја информираме јавноста дека нашите компании се меѓу првите кои сериозно го сфатија апелот на државата и апелот на нашите вработени за помош во овие тешки времиња. Бидејќи желбата за зачувување на колективното здравје и доброто на нашите вработени е поголема од неопходноста за профит и намалување на месечните буџети, длабоко свесни што значи кризата за секое семејство, ја информираме јавноста дека сите 1.700 вработени во Групацијата НОВОМАТИК (Адмирал, Астра и Казино Фламинго Хотел) и 250 вработени во компанијата АПЕКС, воопшто не треба да се грижат за своите работни места, и ги уверуваме дека за тоа ќе се бориме додека трае оваа криза”, велат од групацијата.

“Исто така, информираме дека денес предвремено ги уплативме сите давачки кон државата, како и бруто плата на вработените, сé со цел да излеземе во пресрет во оваа кризна ситуација. Во овие тешки времиња, бевме меѓу првите кои не се двоумеа да се одзват на апелот на владата. Казино Фламинго Хотел-Гевгелија го стави целосно на располагање на државата својот објект со сите свои ресурси, со 17 апартмани и 42 соби, од кои една за лица со посебни потреби, кој веќе се користи како место за изолација или карантин според сите највисоки епидемиолошки стандарди,  донираше 2.000 кг. храна и понуди подготвување на 1500 оброци на ден”, се вели во соопштението.

“Веруваме дека со овој наш потег директно ѝ помагаме на државата во борбата со справувањето со тешките последици од кризата од пандемијата со вирусот COVID-19”, додаваат од групацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП