18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИ IKEA произведува за болници

И IKEA произведува за болници

Производителот на мебел IKEA започна со производство на заштитна опрема за болници за време на пандемијата коронавирус. Шведската фабрика засега ќе произведува униформи за лекари и заштитни маски, а планот е во наредниот период и да се зголеми производството на овие производи.

Менаџерот за глобални набавки во ИКЕА, Хенрик Елм изјави за Reuters дека во оваа ситуација најголем проблем за фабриката претставува затворање на границите што повремено доаѓа до пореметување во испораката на производи низ Европа и Америка.

Не очекуваат недостаток на дрво ниту други суровини, но проблем би можел да биде просторот за складирање на опрема која се наоѓа во транзит, за пазарите на кои IKEA привремено ги затвори своите стоковни куќи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП