недела, јануари 17, 2021
-2 °c
Skopje
-5 ° нед
-4 ° пон
-4 ° вто
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум
Денар
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
Денар
Нема резултати
Види ги сите резултати

ALK 13,872.12 -0.82%    KMB 7,816.90 -0.12%    MPT 73,000.00 -0.68%    OKTA 3,789.50 -0.14%    SBT 2,890.00 0%    STB 1,149.05 1.69%    STIL 65.00 0%    TEL 317.00 0.57%    TNB 18,734.81 -0.36%    


Почетна КОМПАНИИ

Комерцијална банка планира да исплати дивиденда

март 30, 2020
во категорија КОМПАНИИ
A A
Комерцијална банка планира да исплати дивиденда
9
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на LinkedInСподели на Twitter


Изминативе денови во повеќе медиуми се појавија брифинзи дека НБРСМ е во очекување дека банките ќе задржат поголем дел од остварената добивка во 2019 година воздржувајќи се од исплата на дивиденда, заради справување со негативните финансиски последици од COVID – 19. Исто така, Владата донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за трговските друштва за време на вонредна состојба, според која започнатите постапки за свикување и одржување на годишно собрание на акционери, се одложуваат за време на траењето на вонредната состојба. Во врска со тоа, Комерцијална банка АД Скопје до Македонската берза и јавноста достави ценовно чувствителна информација.

“Управниот одбор и Надзорниот одбор на Комерцијална банка сметаат дека Банката треба да остане на веќе предложената Одлука до Собранието на акционери со која нераспределената добивка од 2019 година се распоредува на 553 милиони денари за резерви на Банката со која се зголемува нејзиниот капитал и 1.253 милиони денари за дивиденда на акционерите на Банката. Всушност, согласно препораките на Комисијата за хартии од вредност за учество и гласање на Собранието по пат на кореспонденција, кое беше закажано за 2.04.2020 година, заклучно со 27.03.2019 година, 52,92% од акционерите на Банката веќе гласаа за предложената Одлука.

Цениме дека ваквата Одлука останува и натаму оправдана заради следните причини:

Комерцијална банка постојано издвојува значаен дел од добивката во резерви и го зголемува сопствениот капитал. Така на пример, само во 2019 година беа издвоени 823 милиони денари (13,4 милиони евра) од добивката во 2018 година, а и оваа година со предложената одлука се издвојуваат 553 милиони денари (скоро 9 милиони евра) во резерви на Банката. Со тоа капиталот на Банката ќе достигне износ од 11.987 милиони денари (или скоро 195 милиони евра). Тоа покажува дека Комерцијална банка има солидна капитална основа да се соочи со очекуваните движења и последици врз стопанството и населението, ги исполнува сите законски и супервизорски стандарди, е ликвидна и солвентна.

За разлика од сите поголеми банки во државата, кои се доминантно во странска сопственост, Комерцијална банка АД Скопје е речиси целосно во сопственост на домашни акционери. Со состојба на 29.02.2020 година, 96,42% се домашни акционери и само 3,58% се акционери од странство. Тоа значи и дека скоро целиот износ на предвидената дивиденда, односно 96,42%, ќе биде исплатен на домашни правни и физички лица, за разлика од другите поголеми банки, каде вообичаено исплатената дивиденда се трансферира во странство. Во случајот на Комерцијална банка, според сегашната состојба на акционерската книга, дивидендата ќе им биде исплатена на 4.555 домашни физички лица во износ од 476 милиони денари, на 344 домашни правни лица во износ од 679 милиони денари и ќе биде исплатен данок кон Буџетот во износ од 57, 4 милиони денари. Тоа значи дека со исплата на дивидендата ќе се подобри ликвидноста на сите овие субјекти, вклучувајќи го и Буџетот на државата, што сметаме дека е особено важно во овој период кога и стопанството и населението се соочуваат со проблеми.

Имајќи ги предвид овие аргументи, Управниот и Надзорниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје остануваат на предложената одлука за распоредување на добивката од 2019 година (за што досега веќе гласаа 52,92% од акционерите) на 553 милиони денари за резерви на Банката и по 550 денари бруто дивиденда по акција. Исплатата на дивидендата очекуваме да се случи по завршувањето на вонредната состојба и продолжување на Собранието на акционерите на Банката или кога за тоа ќе се создадат законски услови со Уредбата за примена на Законот за трговските друштва”, се вели во соопштението на банката.

Тагови: акциибанкадивидендаисплатакомерцијалнаодлука
СподелиСподелиТвитни

Коментари


Претходна Објава

ЕК ослободува итна помош за Западниот Балкан во борбата против Ковид-19, 66 милиони за С. Македонија

Следна Објава

Не плаќаат кирија за време на криза




ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Активистите и синдикатите апелираат да не се повтори старата грешка, парите од државната помош да ги добијат работниците, а не фирмите!
ЕКОНОМИЈА

Активистите и синдикатите апелираат да не се повтори старата грешка, парите од државната помош да ги добијат работниците, а не фирмите!

јануари 17, 2021
94
Колку вакцинацијата ќе влијае врз патувањата на граѓаните
СВЕТ

Колку вакцинацијата ќе влијае врз патувањата на граѓаните

јануари 17, 2021
68
Сончево и студено со мала до умерена облачност
МАКЕДОНИЈА

Сончево и студено со мала до умерена облачност

јануари 17, 2021
13
Македонските одбојкари со победата над Турција се пласираа за настап на ЕП
СПОРТБИЗ

Македонските одбојкари со победата над Турција се пласираа за настап на ЕП

јануари 16, 2021
55
Тесла се пофали: Велат дека со нивниот автопилот шансите за сообраќајна несреќа се дури 7 пати помали
ТЕХНОЛОГИЈА

Тесла се пофали: Велат дека со нивниот автопилот шансите за сообраќајна несреќа се дури 7 пати помали

јануари 16, 2021
171
Македонската ракометна репрезентација го претрпе вториот најголем пораз
СПОРТБИЗ

Македонската ракометна репрезентација го претрпе вториот најголем пораз

јануари 16, 2021
55

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Активистите и синдикатите апелираат да не се повтори старата грешка, парите од државната помош да ги добијат работниците, а не фирмите!

Активистите и синдикатите апелираат да не се повтори старата грешка, парите од државната помош да ги добијат работниците, а не фирмите!

јануари 17, 2021
Колку вакцинацијата ќе влијае врз патувањата на граѓаните

Колку вакцинацијата ќе влијае врз патувањата на граѓаните

јануари 17, 2021
Сончево и студено со мала до умерена облачност

Сончево и студено со мала до умерена облачност

јануари 17, 2021
Македонските одбојкари со победата над Турција се пласираа за настап на ЕП

Македонските одбојкари со победата над Турција се пласираа за настап на ЕП

јануари 16, 2021
Тесла се пофали: Велат дека со нивниот автопилот шансите за сообраќајна несреќа се дури 7 пати помали

Тесла се пофали: Велат дека со нивниот автопилот шансите за сообраќајна несреќа се дури 7 пати помали

јануари 16, 2021


НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

  • „Duster“ порасна! Запознајте го „Bigster“, големиот „SUV“ од „Daciа“

    „Duster“ порасна! Запознајте го „Bigster“, големиот „SUV“ од „Daciа“

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Кои луѓе треба да го избегнуваат лукот?

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Најдобриот детокс напиток за во зима

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • ДИЕТА: Тридневна диета – како брзо да се ослободите од 3 – 4 кг

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Нови 403 заразени со Ковид-19, десет починати, 339 оздравени пациенти

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0

ХОРОСКОП

Викенд хороскоп 16-17.01.2021
ХОРОСКОП

Викенд хороскоп 16-17.01.2021

јануари 16, 2021
2.5k
Близнаците, Вагите и Водолијата во февруари ќе имаат среќа до небо
ХОРОСКОП

Близнаците, Вагите и Водолијата во февруари ќе имаат среќа до небо

јануари 14, 2021
1.6k





Следна Објава
Не плаќаат кирија за време на криза

Не плаќаат кирија за време на криза

Денар

  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани

Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани