29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНе плаќаат кирија за време на криза

Не плаќаат кирија за време на криза

Познатиот спортски бренд Adidas нема да плати кирија за просториите кои ги изнајмил во Германија. По нивните чекори тргнаа и H&M и Deichmann.

H&M веќе престана да плаќа закуп за 460 затворени продавници во Германија, додека Daihman ги има повеќе од 1.500. Тие известија за својата одлука и веруваат дека на крајот сепак ќе најдат решение прифатливо за обете страни. Германските власти ја критикуваа оваа одлука.

„Многу сум разочаран од Adidas“, изјави германскиот министер за транспорт на Германија, Андреас Шојер, за Bild, истакнувајќи дека со овој потег испраќаат неприфатлива порака.

Како што потсетува германскиот министер, Adidas направил големи профити, а сега ги загрозува и физичките лица кои им ги изнајмуваат просториите и кои ќе останат без своите приходи.

По овој потег на Adidas, на социјалните мрежи веќе кружат повици за бојкот на нивните производи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП