19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДесет проценти или 7.565 фирми во земјава се без ниту еден вработен

Десет проценти или 7.565 фирми во земјава се без ниту еден вработен

Десет проценти од вкупниот број активни фирми во земјава лани, или 7.565 компании се без ниту еден вработен – покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика за бројот на активни деловни субјети во 2019 година. Најголем број од нив или 2.334 доаѓаат од секторот Други услужни дејности, а 1.211 се од секторот Трговија на големо и мало, поправка на моторни возила и мотоцикли. Секторот уметност забава и рекреција има 772 активни фирми без ниту еден вработен. 57 фирми ги има во дејноста Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, за кои изминатите години според податоците од Годишните даночни пријави се покажа дека вртат милиони евра без ниту еден вработен.

Вкупниот број на активни фирми во земајва лани изнесувал 75 914 компании и во однос на 2018 година е зголемен за 5 проценти. Податоците покажуваат дека најмногу фирми лани се отвориле во секторот Уметност, забава и рекреација, а намалување на бројот на фирми има во секторот здравствена и социјална заштита.

„Најмногу пораснал бројот на активните деловни субјекти во секторот Уметност, забава и рекреација (24,9 %, односно за 349 субјекти), Други услужни дејности (24,4 %, односно за 1.170 субјекти) и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (20,4 %, односно за 38 субјекти). Во 2019 година, во однос на претходната, секторот Дејности на здравствена и социјална заштита бележи намалување на бројот на активни деловни субјекти за 3,5 %“, соопшти статистика.

Податоците пак за структурата на компаниите според бројот на вработени покажуваат дека имаме само 1.636 комапонии кои имаат над 50 вработени, од нив само 232 или само 0,3 проценти од фирмите во земјава се големи со над 250 вработен. Сртатистиката покажува дека речиси 98 проценти од фирмите во земјава се микро, мали или средни, а дури 61.265 компании се со од 1 до девет вработени.

Најголемо учество од 80,7 % имаат деловните субјекти со 1-9 вработени. Потоа следат деловните субјекти без вработени или субјекти со неутврден број на вработени (без податок за вработени) со 10%, па субјектите со 10 – 19 вработени со 4,2 %, потоа субјектите со 20-49 вработени чие учество изнесува 2,9 %, со 1,8 % учествуваат субјектите со 50-249 вработени и само 0,3 % од активните деловни субјекти имаат над 250 вработени“, стои во соопштението на Државниот завод за статистика.

Податоците пак за структурата на фирмите по сектори на дејност покажуваат дека во 2019 година најголемо учество имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли со 30,5 % и Преработувачка индустрија со 11.%. Најмала застапеност имаат секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (0,3 %), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (0,3 %), Рударство и вадење на камен (0,3 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (0,3 %).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП