25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМакпетрол АД целосно ги отстапи капацитетите на хотелот „МАКПЕТРОЛ“ во Маврово за...

Макпетрол АД целосно ги отстапи капацитетите на хотелот „МАКПЕТРОЛ“ во Маврово за државен карантин

НАЈГОЛЕМАТА НАФТЕНА КОМПАНИЈА ВО ДРЖАВАТА ПРОДОЛЖУВА СО СВОИТЕ АКТИВНОСТИ ВО БОРБА ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ. МАКПЕТРОЛ АД ГО СТАВА НА РАСПОЛАГАЊЕ СВОЈОТ ХОТЕЛ ВО МАВРОВО ЗА ДРЖАВЕН КАРАНТИН

“Соочени со овој голем предизвик за зачувување на здравјето на нашите граѓани од пандемијата со вирусот „Ковид-19“, а целосно следејќи ги потребите на Владата на Република Северна Македонија и Министерството за здравство, за формирање државни карантини за населението, Макпетрол АД одлучи да го стави на располагање хотелот „Макпетрол“ во Маврово, кој располага со сместувачки капацитет од 40 двокреветни соби за граѓаните којшто ќе користат легло за изолација или карантин”, се вели во соопштението на компанијата.

“Целосно сме подготвени за соработка со надлежните државни институции и спроведување на сите стандарди кои ќе бидат потребни за безбедно и соодветно менаџирање на капацитетите во својство на карантин”, порачуваат од компанијата.

“Како општествено одговорна компанија сакаме да придонесеме кон создавање на услови кои ќе овозможат ефикасно справување со кризата која целосно го смени начинот на функционирање на нашата држава, но и на целиот Свет”, додаваат од компанијата.

Останете дома! Спасете живот!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП