7 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрадинките не вршат упис на деца, родителите без потребната потврда мора да...

Градинките не вршат упис на деца, родителите без потребната потврда мора да се вратат на работа !

Мајките кои го завршуваат своето породилно отсуство од работа се соочуваат со огромен проблем, не може да го запишат своето дете во државните градинки. Вакви обвинувања во редакцијата на Денар пристигнаа од граѓани од Скопје. Слични жалби можат да се прочитаат и на социјалните мрежи за тоа дека градинките го замрзнале процесот на примање нови деца додека трае кризата со корона вирусот. Но главниот проблем сега со кој се соочуваат семејствата е дека мајките мора да се вратат на работа бидејќи ја немаат потребната потврда за чување дете до 10 годишна возраст додека трае пандемијата со Ковид 19.

Мајката со која  контактиравме замоли да остане анонимна за да не биде избркана од работа, сега стравува и за нејзиното работно место.  Нејзиното породилно отсуство истекува на средината на месец април. Нејзиниот сопруг работи во приватна фирма од каде веќе раководството му соопштило дека нема да дозволат да биде ослободен од работа и да го чува сопственото дете. Еве дел од разговорот кој Денар го направи со госпоѓата која се соочува со овој проблем.

„Се работи за правна празнина во однос на мерката за ослободување родител чие дете оди во градинка или училиште, а е до 10 годишна возраст. Работата е следна, јас од породилно треба да се вратам на работа на средина на април, а во овој момент не можеме да го запишеме детето во градинка кое е бебе од 8 месеци бидејки градинките се затворени и не постои можност да го запишеме. По ова се обратив на мојот непосредно надреден да го прашам за ставот во фирмата и дали ќе бидам ослободена, по што ми е пренесено дека без потврда од градинката нема да бидам ослободена. Во ваква ситуација ми остануваат две можности, или бебето да се чува само во самоизолација бидејки е нелогично да примаме луѓе дома да го чуваат ниту па верувам дека некој ќе се нафати да го чува или втора опција е јас или сопругот да дадеме отказ од работа. При вакви опции мислам дека е јасен изборот. Во ваква ситуација се уште три колешки од мојата фирма од кои една веќе пред два дена е вратена од породилно, а другите две треба да се вратат во наредниот период. Со оглед дека никој не може да претпостави колку долго ќе трае ваквата ситуација, користење на годишен одмор не е решение на проблемот. Моето враќање на работа во пикот на епидемијата ќе го фрли во вода целото досегашно социјално дистанцирање, дотолку повеќе што во мојата фирма веќе има лица со решенија за самоизолација, а додека го пишувам ова се чекаат резултатите од тестирањето на неколку лица.“

Испратиле и допис до Министерството за труд и социјална политика.

„Молам за информација или совет, како ќе се реши запишувањето во градинка на деца, на чии мајки им истекува породилното отсуство и треба да одат на работа. Со настаната состојба без потврда од градинка не можат да ја користат мерката за родители на деца до 10 години. Иако апликацијата е направена уште во јануари, сега од градинките информираат дека е стопиран уписот и ништо не може да се направи. Што со овие бебиња, деца – имате ли упатство, совет, официјален став, процедура? Проблемот е повеќе од голем, како што сите милуваме да кажеме станува збор за најосетлива група“, стои во меилот испратен до министерството за труд и социјала.

Засега семејството нема добиено никаков повратен одговор од министерството. Се обидовме да стапиме во контакт и ние со барање на одговор за истата дилема. Одговорот кој го добивме беше неочекуван.

„Јавните установи за деца – детски градинки се основани од општините и се посебни правни лица. Министерството за труд и социјална политика нема надлежност за постапување во случај на запишување/примање на деца во јавна установа за деца – детска градинка. Поради прогласената вонредната состојба во која се наоѓа нашата држава една од мерките  и активностите којашто ја превзема Владата на РСМ во поглед на спречување и ширење на вирусот COVID -19 е прекинување со работа  на детските градинки.​​​ “

Со ваков проблем според информациите се соочуваат голем број на семејства кои не знаат каде и кој ќе им ги чува децата кога ќе треба мајките да се вратат на работа од породилното отсуство.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП