28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИУште една Google апликација редизајнирана и овозможена за iOS корисниците

Уште една Google апликација редизајнирана и овозможена за iOS корисниците

Google направи нов дизајн за својата апликација Podcasts.

Сега, Podcasts има три нови картички: Home, Explore и Activity. Покрај тоа, апликацијата е достапна и за оние кои користат iOS.

Home картичката е местото на кое се наоѓаат сите нови епизоди на подкастот на кои сте “претплатени”.

Кога ќе изберете одредена епизода, ќе ги видите и темите или луѓето за кои во тој подкаст се работи. Оттаму, можете да започнете Google пребарувања ако сакате повеќе информации.

Во картичката Explore ќе видите препораки за нови подкасти кои може да ги следите. Препораките се направени врз основа на оние подкасти кои веќе ги слушате, објави веб страницата Mashable.

Активноста ви овозможува преглед на историјата на подкасти, епизодите кои ги имате на плеј листата и од таму можете да преземете епизоди за офлајн слушање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП