20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтартува ослободувањето на аконтации за данок на добивка и данокот на личен...

Стартува ослободувањето на аконтации за данок на добивка и данокот на личен доход од вршење самостојна дејност

Даночните обврзници кои остваруваат доход од самостојна дејност и обврзниците на данокот на добивка можат да бидат ослободени од плаќање аконтации, со цел задржување на поголема ликвидност и премостување на првите ефекти од коронакризата. Оние кои ќе поднесат барање до Управата за јавни приходи имаат право да бидат ослободени од плаќање на месечни аконтации за март, април и мај 2020.

Користење на оваа мерка, како што соопшти Министерството за финансии, можат да побараат даночните обврзници согласно Националната класификација на дејности од угостителската дејност (шифра 56 – дејности за подготовкa и служење на храна), туризам (шифра 79 -туристички агенции, организатори на патувања и останати резервациски услуги, како и дејности поврзани со нив и шифра 55 – објекти за сместување) и транспорт (шифра 49 – копнен транспорт. Шифра 50 – воден транспорт и шифра 51 – воздухопловен транспорт).

Од МФ додаваат дека оваа мерка можат да ја користат и други даночни обврзници, кои имаат претрпено штети во работење поради здравствените мерки за спречување на ширењето на Ковид-19, доколку вкупните проходи им се намалени за најмалку 40 отсто во тековниот месец во однос на февруари 2020 или намалувањето на вкупните приходи од 2020 година е повисоко од 40 отсто во однос на истиот период лани, бројот на вработени кои не работат, односно не придонесуваат во економската активност на даночниот обврзник – работодавач изнесува најмалку 25 отсто од вкупниот број вработени во февруари и даночниот обврзник затворил најмалку 50 отсто од продажните места преку кои го остварува профитот.

Даночните обврзници – правни лица за да ја користат оваа мерка треба да не го намалат бројот на вработени од денот на влегување на сила на уредбата на 26 март 2020, до три месеци по престанување на нејзината важност – освен во случај на смрт, пензионирање или отказ од страна на вработените, да не исплатува дивиденда на сопствениците, награда за деловна успешност (учество во добивка, бонус) или друг вид годишна награда на вработените и органите на управување и надзор на даночниот обврзник, од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила, до денот на траењето на ослободувањето.

Даночните обврзници – физички лица кои остваруваат доход од вршење самостојна дејност за да ја користат оваа мерка треба да не го намалат бројот на вработени од денот на влегување на сила на уредбата на 26 март 2020 до три месеци по престанување на нејзината важност – освен во случај на смрт, пензионирање или отказ од страна на вработените.

Доставувањето на барањата, како што наведуваат од Министерството за финансии, ќе се одвива преку системот е-пдд за обврзниците на данокот на личен доход, односно е-даноци за обврзниците на данокот на добивкаа приемот на барањата преку системите го потврдува Управата за јавни приходи во рок од 15 дена од доставување на барањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП