19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЧетврток - најсмртоносен ден досега

Четврток – најсмртоносен ден досега

Бројот на заразени од коронавирус во 202 земји и територии низ целиот свет во петокот надмина 500.000, при што Соединетите држави го преземаа првото место од Кина по бројот на случаи.

Од вкупно 536.000 случаи, повеќе од 60.000 се потврдени во последните 24 часа, а повеќе од 2.500 нови смртни случаи во 59 држави ја зголемија бројката на починати на 24.000, покажуваат бројките на „Ројтерс“ рано во петокот.

Ова го прави четврток најсмртоносен ден откако избувна пандемијата на коронавирус, при што Шпанија и Италија имаат по повеќе од 700 смртни случаи.

Отприлика една третина од новите случаи се пријавени во САД. Во последните 24 часа откриени се 17.000 и починати 281, најголемата единечна бројка откако се појави вирусот во земјата, пренесува Индекс.

Кина, која најави затворање на границите за странските државјани од сабота, регистрирала пет смртни случаи и 55 инфицирани, додавајќи дека станува збор за увезени случаи, со исклучок на два.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП