26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКоронавирус регистриран во повеќе складишта на Amazon, работниците штрајкуваат

Коронавирус регистриран во повеќе складишта на Amazon, работниците штрајкуваат

Во десет магацини на американската компанија Amazon ширум светот се појавија случаи на заразени со коронавирус, а компанијата трпи се поголем притисок од синдикатите и групите за правата на работниците да ги затвори, објави порталот Business Insider повикувајќи се на локалните медиуми.

Кај вработените во магацините на Amazon, во седум американски држав со тестови е потврден коронавирусот, а првиот случај на зараза се случил во станицата за испорака во Њујорк, која е привремено затворена.

Американската група за права на работниците Athena соопшти дека работниците во Amazon во магацин на островот Стејт Ајленд во Њујорк морале да продолжат со работа и за време на чистењето после потврдениот случај на зараза.

Amazon веќе потврди дека во три магацини во Европа (два во Шпанија, еден во Италија) веќе се утврдени случаи на зараза, но компанијата ја отфрли можноста за нивно затворање, поради што нејзините работници во Италија штрајкувале.

Во магацин на компанијата во Италија, кај двајца вработени со тест е потврден коронавирусот.

„За жал, моравме да донесеме одлука да штрајкуваме, затоа што не можевме безбедно да работиме“, изјави еден работник во магацин на Amazon во Пијаченца, на северот на Италија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП