Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,091.31 -3.86%    BESK 5,700.00 0.56%    FERS 53,460.00 -10%    GRNT 700.00 -2.75%    KMB 5,115.79 -8.9%    MPT 43,531.49 -9.43%    MTUR 3,969.00 -9.98%    OHB 4,306.25 -9.34%    RZUS 54.00 -8.47%    STB 835.13 -0.82%    TEL 263.89 -1.53%    TNB 13,086.00 -10%    TTK 1,083.11 -9.92%    

Продажбата преку интернет го спаси Nike во Кина

Време: 17:34

Датум: март 25, 2020

Категорија: КОМПАНИИ

Американскиот производител на спортска облека Nike извести за скок од 30 проценти во продажбата преку интернет во Кина, по затворањето на физичките продавници поради заразата од коронавирус.

Американската компанија ги затвори повеќето продавници во светот, a во вторникот објави дека во Кина повторно отворила 80 проценти од продажните места.

„Очекуваме следните неколку недели да биде многу предизвикувачки период“, изјави извршниот директор на Nike, Џон Донахју, коментирајќи ја ситуацијата во САД и Европа.

Се надева дека ќе можат да ги употребат научените лекции од Кина за успешно да се носат со мерките за изолација на западните пазари.

„Потрошувачите се вратија во продавниците. Честопати со маски, но се вратија“, коментира Донахју за ситуацијата во продажните места во Кина.

Во период од три месеци, заклучно со февруари приходите на Nike во Кина паднаа за пет проценти, на 1,5 милијарди долари, пренесува BBC. Беше тоа прв пад во Кина за американска компанија во последните речиси шест години.

Продажбата преку интернет скокна за 36 проценти и во Nike се надеваат дека тој тренд ќе им помогне во ублажување на падот на приходите поради затворањето на физичките продавници.

“Извонреден раст” е забележан и во сегментот апликации за личен тренинг во Кина, дизајниран за вежбање од дома. Активноста на корисниците се зголемила за 80 проценти, бидејќи многу Кинези во тоа време останале дома.

Производителот на спортска облека исто така најави дека ќе продолжи со лансирање нови производи посветени на Олимпијадата „кога ќе дојде подобро време“.

Nike промовира одржлива облека изработена од материјали која може да се рециклира.

Меѓународниот олимписки комитет во вторникот објави дека ќе ги одложи Олимписките и Параолимписките игри во Токио во следната година поради пандемијата коронавирус.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Макпетрол АД целосно ги отстапи капацитетите на хотелот „МАКПЕТРОЛ“ во Маврово за државен карантин

    Макпетрол АД целосно ги отстапи капацитетите на хотелот „МАКПЕТРОЛ“ во Маврово за државен карантин

    НАЈГОЛЕМАТА НАФТЕНА КОМПАНИЈА ВО ДРЖАВАТА ПРОДОЛЖУВА СО СВОИТЕ АКТИВНОСТИ ВО БОРБА ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ. МАКПЕТРОЛ АД ГО СТАВА НА РАСПОЛАГАЊЕ СВОЈОТ ХОТЕЛ ВО МАВРОВО ЗА ДРЖАВЕН…

  • Македонски Телеком: Да не дозволиме лажните вести да креираат дополнителна паника

    Македонски Телеком: Да не дозволиме лажните вести да креираат дополнителна паника

    “Деновиве на социјалните мрежи се споделуваат лажни информации дека Македонски Телеком ја активира тестната 5G мрежа и дека таа има негативно влијание врз здравјето на…

  • Јавното здравје зависи од сите нас, секој е одговорен

    Јавното здравје зависи од сите нас, секој е одговорен

    Справувањето со пандемијата на вирусот КОВИД-19 зависи од сите нас. Ова е борба на секој од нас, борба што може да ја добиеме само заеднички…

  • Huawei инвестира 200 милиони долари во создавање сопствен компјутерски екосистем

    Huawei инвестира 200 милиони долари во создавање сопствен компјутерски екосистем

    Huawei ќе инвестира 200 милиони американски долари како поддршка на независните развивачи на хардвер и софтвер за користење на компјутерски решенија на компанијата Huawei. Во…

  • Bosch разви брз тест за коронавирус, Siemens помага со медицинска опрема

    Bosch разви брз тест за коронавирус, Siemens помага со медицинска опрема

    Германскиот технолошки гигант Bosch објави дека развил брз тест за коронавирус, a Siemens најави воспоставување на мрежа за 3D печатење на делови од медицинските уреди. Целосно автоматизираниот тест…

  • НЛБ Банка подготвува мерки за олеснување на отплатата на кредитите кај физичките и правните лица

    НЛБ Банка подготвува мерки за олеснување на отплатата на кредитите кај физичките и правните лица

    Со цел полесно надминување и ублажување на негативните ефекти од кризната ситуација предизвикана од пандемијата на вирусот COVID-19, НЛБ Банка презема посебни мерки за поддршка…

  • „Виталиа“ донира здрава храна и заштитна опрема за медицинскиот персонал на Инфективна клиника

    „Виталиа“ донира здрава храна и заштитна опрема за медицинскиот персонал на Инфективна клиника

    Предизвиците со кои сите земји моментно се соочуваат, вклучително и нашата, поради глобалната пандемија со корона вирусот, укажуваат дека ова е битка што може да…

  • Оставете ги телефоните, ајде да цртаме!

    Оставете ги телефоните, ајде да цртаме!

    Моќта на детската имагинацијата е неограничена и може да создаде сценарија на кои возрасните не би ни помислиле. Во моментите кога сите се дома и…

  • Тиго Фајнанс воведува олеснувања на условите за отплата на кредитите за своите клиенти

    Тиго Фајнанс воведува олеснувања на условите за отплата на кредитите за своите клиенти

    Тиго Фајнанс активно ги следи случувањата и мерките поврзани со појавата на Корона вирусот во нашата земја и активно ги применува  препораките за справување со…

  • TikTok донира 10 милиони долари за борба против пандемијата

    TikTok донира 10 милиони долари за борба против пандемијата

    Откако претходно се здружи со Светската здравствена организација во борба против ширењето на дезинформации, TikTok сега најави дека агенцијата ќе донира 10 милиони долари. Парите…