19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови 29 случаи со коронавирус, вкупно 177

Нови 29 случаи со коронавирус, вкупно 177

Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата од кои во Скопје 20, Куманово три, Велес три, Прилеп два и во Дебар еден случај.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12 часот изнесува 177 лица, од кои еден излекуван и двајца починати пациенти.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во Скопје – 108, во Дебар – 41 и еден починат, во Куманово – 11 и еден починат, во Штип – седум, Велес – три, Кавадарци – два, Охрид – два, Прилеп – два и Гостивар – еден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП