Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 12,600.00 0.8%    GRNT 1,006.66 0.26%    KMB 6,888.28 1.97%    MTUR 3,900.00 -2.5%    REPL 87,000.00 2.62%    STB 1,167.91 -1.22%    TETE 1,946.00 2.96%    TTK 1,350.00 2.27%    UNI 2,400.00 0%    ZPKO 2,575.00 3%    

Северна Македонија ги започнува преговорите за членство со ЕУ

Време: 08:14

Датум: март 25, 2020

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Европската Комисија во наредните денови треба да започне да ја изготвува преговарачката рамка за преговорите помеѓу ЕУ и Северна Македонија, одлучија вчера министрите за европски прашања на Унијата.

Ова е првиот неопходен чекор пред одржувањето на првата меѓувладина конференција, со која се означува отворањето на првото поглавје, или според новата методологија првиот „кластер“.

По година и половина одлагања и услови, Европската Унија вчера оцени дека Северна Македонија целосно ја докажала својата способност да го започне долгоочекуваниот процес на преговори, кој треба да доведе до полноправно членство во ЕУ.

Министрите вчера ја усвоија и ревидираната преговарачка методологија, предложена во февруари годинава од страна на Европската Комисија, методологија која би требало да го направи процесот пополитички и да им даде поголема контрола врз процесот на земјите членки на ЕУ.

Ова беше еден од клучните предуслови за Франција да прифати отворање на преговорите со било која земја кандидат.

Земјите членки вчера изразија задоволство и од новата методологија и од реформскиот напредок во Северна Македонија.

-Северна Македонија ја забрза работата од октомври, донесен е Преспанскиот договор, билатералниот договор со Бугарија кој дава пример за целиот регион, ова треба да го отвори патот за Северна Македонија, изјави еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, нагласувајќи и дека земјата успеа да го донесе и законот за јавно обвинителство во услови на техничка влада.

Комесарот оцени и дека по октомврискиот неуспех да се отворат преговорите и стапувањето во функција на новиот состав на Европската Комисија „работите не изгледаа добро“ за отворањето преговори со двете земји. Тој ги пофали реформите во двете држави и додаде дека денешната одлука, со оглед на тешкиот политички контекст во ЕУ поради коронавирусот е доказ за посветеноста на ЕУ кон регионот.

Со ист став настапи и хрватското претседателство, чија државна секретарка за европски прашања, Андреја Метелко Згомбиќ, рече дека денешната одлука е добра не само за двете земји, туку и за самата ЕУ.

-Добра вест е што ЕУ и во време на предизвици успеа да остане фокусирана на носење стратешки одлуки, рече Згомбиќ.

Преговорите со Северна Македонија и Албанија беа единствена точка на вчерашниот состанок на министрите.

По денешната одлука на Советот за општи работи да се отворат преговорите со Албанија и Северна Македонија, Европската Комисија има сега задача да изготви преговарачка рамка – земјите кандидати имаат иста таква обврска од своја страна.

Штом таа рамка биде финализирана, им се поднесува на земјите членки кои треба да ја одобрат, со што се отвора патот за одржување на првата меѓувладина конференција, објаснуваат за МИА од Европската Комисија.

-Ќе почнеме сега многу брзо да ја подготвуваме рамката, треба да седнеме со двете земји, планираме да го ставиме ова на дневен ред на Советот најбрзо што може, односно јуни, изјави Вархеји.

Со оваа изјава јасно е дека Европската Комисија има зацртано датум за почеток на преговорите, веднаш по објавувањето на редовните извештаи за реформскиот напредок, предвидено во мај.

Еврокомесарот на прес конференцијата вчера не сакаше да лицитира со тоа која земја прва би го отворила првото поглавје, бидејќи, како што рече тој, сѐ зависи од реформскиот напредок во секоја од земјите. Тој оцени дека не е исклучено Албанија да ја „претрка“ Северна Македонија, или пак двете истовремено да ги отворат поглавјата.

– Процесот се заснова на сопствени услуги, повтори еврокомесарот.

Она што е извесно е дека крајниот збор и во овој процес е кај земјите членки, кои ја одобруваат преговарачката рамка. А познато е веќе дека Холандија, меѓу другото, очекува исполнување на низа услови од страна на Албанија, што не е случај за Северна Македонија.

Холандскиот министер за надворешни работи Стеф Блок тоа го потврди во изјава за МИА, но и на Твитер налогот на холандската амбасада при ЕУ, каде напиша дека Северна Македонија направила видлив напредок и Холандија ја поддржува препораката на Комисијата за отпочнување на преговорите.

– За Албанија, работите се понијансирани. Остануваат прашања кои бараат внимание, но извештајот за напредокот исто така покажува прогрес кон реформите така што Албанија е на добар пат, Советот одлучи дека преговорите можат да започнат кога ќе има одржлив напредок за овие прашања, е официјалниот став на Хаг. 

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Јавниот долг на Велика Британија достигна рекордно ниво

    Јавниот долг на Велика Британија достигна рекордно ниво

    Британските јавни заеми се зголемија на 35,920 милијарди фунти (45,8 милијарди долари) во август, што е рекордно високо ниво за месец, иако е под пиковите…

  • Европската комисија прави чекор напред во регулирањето на криптовалутите во блокот

    Европската комисија прави чекор напред во регулирањето на криптовалутите во блокот

    Како дел од новата иницијатива презентирана во четвртокот, Европската комисија ќе утврди јасни правила за криптовалутите, кои честопати не спаѓаат во рамките на традиционалното финансиско…

  • Прометот кај услугите во вториот кварал со пад од 34,8 отсто, кај туристичките агенции и туроператори од 99 отсто

    Прометот кај услугите во вториот кварал со пад од 34,8 отсто, кај туристичките агенции и туроператори од 99 отсто

    Прометот од продажба на услугите во второто тримесечје од годинава во однос на истиот период лани забележува пад од 34,8 отсто, објави Државниот завод за…

  • Мурињо: Помислив дека сум пораснал, но всушност голот беше за пет сантиметри понизок

    Мурињо: Помислив дека сум пораснал, но всушност голот беше за пет сантиметри понизок

    “Помислив дека сум пораснал, но всушност голот беше за пет сантиметри понизок. Голманите тоа веднаш го забележаа затоа што живеат меѓу стативите. Дојде делегатот и…

  • Меси кон Суарез: Не заслужи да се однесуваат така со тебе

    Меси кон Суарез: Не заслужи да се однесуваат така со тебе

    Капитенот на Барселона, Лионел Меси преку социјалните мрежи денес се прости од својот поранешен соиграч Луис Суарез, со кого е голем пријател. – Кога денес…

  • ГРЕКО цени дека Македонија напредува во борбата со корупцијата

    ГРЕКО цени дека Македонија напредува во борбата со корупцијата

    Новиот извештај на ГРЕКО нотира напредок во борбата со корупцијата во Македонија. „Ја напуштивме групата на глобално незадоволителни држави. Ова е голем упех за нас…

  • Нашиот северен сосед Србија со просечна плата од над 511 евра

    Нашиот северен сосед Србија со просечна плата од над 511 евра

    Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека со гордост може да им каже на граѓаните дека просечната плата во јули, среде пандемија на коронавирусот беше…

  • ФИТР и УНДП потпишаа договор за дигитализација на општините – пилот фаза

    ФИТР и УНДП потпишаа договор за дигитализација на општините – пилот фаза

    Фондот за иновации и технолошки развој и УНДП (Програма за развој на Обединетите Нации) ќе работат на дигитализација на услугите што ги нудат општините за граѓаните. Проектот…

  • Насмеаните луѓе живеат подолго и заработуваат повеќе

    Насмеаните луѓе живеат подолго и заработуваат повеќе

    Истражувањата покажуваат дека луѓето кои повеќе се смеат живеат подолго, заработуваат повеќе и другите повеќе им веруваат. Луѓето кои искрено се смеат им испраќаат порака…

  • Онлајн продавницата „Митра“ слави прв роденден со виртуелен „Митрафест“

    Онлајн продавницата „Митра“ слави прв роденден со виртуелен „Митрафест“

    Македонската онлајн продавница „Митра“ прославува една година постоење. По повод роденденот, а истовремено почитувајќи ја моменталната здравствена ситуација, „Митра“ го организира виртуелниот музички фестивал  „Митрафест“ на…