26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ одлучи да почне преговори со Севена Македонија и Албанија

ЕУ одлучи да почне преговори со Севена Македонија и Албанија

Земјите членки на ЕУ постигнаа политички договор за отпочнување на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, соопшти еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

– Од срце им честитам на двете земји. Ова исто така испраќа и јасна порака до земјите од Западен Балкан: Вашата иднина е во ЕУ, напиша Вархеји на неговиот официјален Твитер налог.

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска на видео – конференција дебатираа за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Ставот на ЕК по ова прашање, е јасен: двете земји испорачаа реформи и се подготвени да ги отворат преговорите, твитна Вархеји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП