Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,091.31 -3.86%    BESK 5,700.00 0.56%    FERS 53,460.00 -10%    GRNT 700.00 -2.75%    KMB 5,115.79 -8.9%    MPT 43,531.49 -9.43%    MTUR 3,969.00 -9.98%    OHB 4,306.25 -9.34%    RZUS 54.00 -8.47%    STB 835.13 -0.82%    TEL 263.89 -1.53%    TNB 13,086.00 -10%    TTK 1,083.11 -9.92%    

„Алкалоид“ донира 200.000 евра и ги намалува цените на 158 производи од својот асортиман

Време: 14:09

Датум: март 24, 2020

Категорија: КОМПАНИИ

“Веќе две недели компанијата „Алкалоид АД Скопје“ функционира во извонредно турбулентни услови. Се бориме за обезбедување залихи на производи кои не ни се примарна дејност, но во моментов се од суштинско значење за сите; се соочуваме со огромни логистички предизвици во услови на затворени граници, блокирани и поскапени суровини и амбалажи; секојдневно носиме одлуки кои се од исклучителна важност за компанијата, при тоа ставајќи акцент на врвниот приоритет: Здравјето на луѓето.

Сето ова се случува во услови кога над 200 наши вработени кои припаѓаат на ризичните групи граѓани се отсутни од работа, па мораме да ги пополнуваме упразнетите места во производните погони со кадар од административните сектори. Почнувајќи од денес, ќе мораме да ги адаптираме и сменските работења во согласност со дозволените термини на движење, имајќи предвид дека голем дел од нашите вработени доаѓаат на работа од подрачја кои гравитираат кон градот Скопје, а сѐ со цел да ги исполниме барањата на пазарот со наши производи.

Во услови кога сите светски економии се оставени сами на себе и се борат за ублажување на ефектите од нова економска криза, кога губењето на работни места е неминовен дел од таа сурова реалност, кога логистичките пречки ја добиваат битката за пласман на производите, ретки се компаниите кои можат да ги надминат овие предизвици и да помогнат на своите економии во вакви тешки времиња.

Додека сѐ уште се консолидираат ресурсите за справување со посилен импакт од вирусот Covid-19, „Алкалоид АД Скопје“ и покрај сите логистички и ресурсни предизвици, одлучи да ги намали цените на 158 свои производи кои во моментов се наоѓаат на листата на потреби веројатно на секое македонско домаќинство: фармацевтските брендови „Аналгин“, „Кафетин“, „Прокулин“, „Бетадине“„Ацерола“, „Блокмакс“, „Бронлес“, лекови за намалување на телесната температура, одредени помошни лековити средства, разни витамини и додатоци во исхраната, средствата за чистење од колекцијата „Глос“, сите дезинфициенси, антисептици, средства со антибактериско дејство и други слични производи. Информацијата за намалувањето на цените на овие производи е проследена до сите чинители во дистрибутивниот ланец (веледрогерии, аптеки, дистрибутери и поголеми ланци на маркети) и истото намалување очекуваме дека ќе се пренесе до крајните корисници.

„Алкалоид АД Скопје“, денес донираше износ од 12.300.000 денари (200.000 евра) на посебната наменска донаторска сметка на македонското Министерството за здравство формирана за целите на справување со здравствената криза.

Осврнувајќи се на сите кризи низ кои компанијата минала во изминативе 84 години постоење, оваа е можеби најневообичаената до сега. Изолација сред цивилизација, страв од непознато, борба за зачувување на најскапоценото: здравјето на луѓето. Љубезно апелираме до целата македонска јавност да ги следи и најодговорно да ги почитува препораките на Министерството за здравство и Владата со цел да се превенира најлошото можно сценарио.

Во оваа прилика, ние како компанија, би сакале да упатиме голема благодарност и желби за добро здравје на сите здравствени работници во земјава и на сите македонски граѓани, а како традиционален партнер на македонското здравство и фармација и како еден од столбовите на македонската економија, подготвени сме со сите научни, технолошки и кадровски капацитети да помогнеме во справувањето со оваа здравствена криза, затоа што ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СЀ!”, се вели во соопштението на компанијата.

 

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Макпетрол АД целосно ги отстапи капацитетите на хотелот „МАКПЕТРОЛ“ во Маврово за државен карантин

    Макпетрол АД целосно ги отстапи капацитетите на хотелот „МАКПЕТРОЛ“ во Маврово за државен карантин

    НАЈГОЛЕМАТА НАФТЕНА КОМПАНИЈА ВО ДРЖАВАТА ПРОДОЛЖУВА СО СВОИТЕ АКТИВНОСТИ ВО БОРБА ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ. МАКПЕТРОЛ АД ГО СТАВА НА РАСПОЛАГАЊЕ СВОЈОТ ХОТЕЛ ВО МАВРОВО ЗА ДРЖАВЕН…

  • Македонски Телеком: Да не дозволиме лажните вести да креираат дополнителна паника

    Македонски Телеком: Да не дозволиме лажните вести да креираат дополнителна паника

    “Деновиве на социјалните мрежи се споделуваат лажни информации дека Македонски Телеком ја активира тестната 5G мрежа и дека таа има негативно влијание врз здравјето на…

  • Јавното здравје зависи од сите нас, секој е одговорен

    Јавното здравје зависи од сите нас, секој е одговорен

    Справувањето со пандемијата на вирусот КОВИД-19 зависи од сите нас. Ова е борба на секој од нас, борба што може да ја добиеме само заеднички…

  • Huawei инвестира 200 милиони долари во создавање сопствен компјутерски екосистем

    Huawei инвестира 200 милиони долари во создавање сопствен компјутерски екосистем

    Huawei ќе инвестира 200 милиони американски долари како поддршка на независните развивачи на хардвер и софтвер за користење на компјутерски решенија на компанијата Huawei. Во…

  • Bosch разви брз тест за коронавирус, Siemens помага со медицинска опрема

    Bosch разви брз тест за коронавирус, Siemens помага со медицинска опрема

    Германскиот технолошки гигант Bosch објави дека развил брз тест за коронавирус, a Siemens најави воспоставување на мрежа за 3D печатење на делови од медицинските уреди. Целосно автоматизираниот тест…

  • НЛБ Банка подготвува мерки за олеснување на отплатата на кредитите кај физичките и правните лица

    НЛБ Банка подготвува мерки за олеснување на отплатата на кредитите кај физичките и правните лица

    Со цел полесно надминување и ублажување на негативните ефекти од кризната ситуација предизвикана од пандемијата на вирусот COVID-19, НЛБ Банка презема посебни мерки за поддршка…

  • „Виталиа“ донира здрава храна и заштитна опрема за медицинскиот персонал на Инфективна клиника

    „Виталиа“ донира здрава храна и заштитна опрема за медицинскиот персонал на Инфективна клиника

    Предизвиците со кои сите земји моментно се соочуваат, вклучително и нашата, поради глобалната пандемија со корона вирусот, укажуваат дека ова е битка што може да…

  • Оставете ги телефоните, ајде да цртаме!

    Оставете ги телефоните, ајде да цртаме!

    Моќта на детската имагинацијата е неограничена и може да создаде сценарија на кои возрасните не би ни помислиле. Во моментите кога сите се дома и…

  • Тиго Фајнанс воведува олеснувања на условите за отплата на кредитите за своите клиенти

    Тиго Фајнанс воведува олеснувања на условите за отплата на кредитите за своите клиенти

    Тиго Фајнанс активно ги следи случувањата и мерките поврзани со појавата на Корона вирусот во нашата земја и активно ги применува  препораките за справување со…

  • TikTok донира 10 милиони долари за борба против пандемијата

    TikTok донира 10 милиони долари за борба против пандемијата

    Откако претходно се здружи со Светската здравствена организација во борба против ширењето на дезинформации, TikTok сега најави дека агенцијата ќе донира 10 милиони долари. Парите…