20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВухан го укинува карантинот на 8 април

Вухан го укинува карантинот на 8 април

Здравствената комисија во провинцијата Хубеи денес соопшти дека жителите на градот Вухан ќе можат слободно да го напуштат градот на 8 април, додека на остатокот од провинцијата Хубеи ќе и го овозможи тоа веќе утре.

Нормализацијата на состојбата во Вухан продолжува, а градот влегува во последните 14 дена од карантинот кој е во сила од 23 јануари. Градот, така поради пандемијата COVID-19 ќе биде вкупно затворен скоро цели 11 недели, или 76 дена.

Иако провинцијата Хубеи уште на 17 март дозволи заминување на одделни жители на провинцијата, по посебни услови, карантинот за 16 градови на провинцијата официјално се укинува утре, 25 март. Карантинот на тој начин ќе остане само околу градот Вухан уште во следните 14 дена.

Вухан денес забележа еден нов случај на зараза, прв по неколку дена без нови случаи, а во градот во моментов се наоѓаат уште околу 4.300 заразени. Сите заразени се сместени во соодветни болнички карантини за лекување, а веќе со денови градот го напуштаат медицинските тимови на привремена работа од други градови, кои најтешките денови ги поминале помагајќи им на заразените жители во Вухан.

Според официјалните податоци, вкупниот број заразени во Вухан во изминатите три месеци изнесувал 50.006 со 2.524 починати, додека во провинцијата Хубеи вкупниот број заразени изнесувал 67.801, со 3.160 починати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП