29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСЗО: Исходот од борбата во Вухан дава надеж на целиот свет

СЗО: Исходот од борбата во Вухан дава надеж на целиот свет

Вухан веќе трет ден по ред е во низа без нови случаеви на зарази, а бројките за моментално заразени паѓаат од ден во ден. Во моментов има околу 5.600 заразени во болниците во Вухан.

Пред десетина дена, кинескиот претседател Си Џинпинг беше во посета на Вухан, најавувајќи „престојна победа“. Вчера, генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Адханом Гебрејзус, го нарече исходот од борбата во Вухан со зборот „успех“.

„Искуството на градовите и државите кои сериозно се вклучија во борбата против вирусот даваат надеж на остатокот од светот“, истакна тој во дневното обраќање пред јавноста.

„Кина испрати порака до светот дека коронавирусот може да биде потиснат, а ланците за пренесување прекинати преку заедничка работа низ целата заедница, координација, солидарност, жртвување и сигурно одржување на основното снабдување. Активна и заедничка работа на локалните заедници и храброст на медицинските работници. Ова е порака и до сите други земји кои имаат помалку заразени во овој момент“.

Од Светската здравствена организација истакнуваат дека секој изгубен живот е трагедија, но дека општество има средства како да ги спречи идните трагедии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП