19 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИМакпетрол АД донира медицинска опрема на Министерството за здравство во вредност од...

Макпетрол АД донира медицинска опрема на Министерството за здравство во вредност од 3.200.000 денари

Макпетрол АД донира медицинска опрема на Министерството за здравство во вредност од 3.200.000 денари за борба против вирусот „КОВИД-19“.

“Земајќи предвид дека нашата, како и повеќето земји во Европа и Светот, се соочува со последиците од пандемијата со новиот Корона вирус, „КОВИД-19“, Макпетрол АД како општествено одговорна компанија одлучи да донира соодветна медицинска опрема во вредност од 3.200.000,00 денари на Министерството за здравство на Република Северна Македонија”, се вели во соопштението на компанијата.

“Ова е време кога е потребна солидарност и поддршка. Во борбата против вирусот „КОВИД-19“ не можеме да се бориме како индивидуи, туку, заедно како општество. Дополнително, уште еднаш сакаме да апелираме до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита донесени од Владата, Министерството за здравство, како и од Светската здравствена организација. Останете дома и придонесете, заштитете се себеси и оние кои ги сакате!”, аплираат од компанијата.

“Макпетрол АД е целосно подготвен и е на располагање за соработка со сите државни институции во борба против вирусот „КОВИД-19“”, доаваат од компанијата.

 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП