29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Audi A4 за 2015-та година

Новиот Audi A4 за 2015-та година

99934-audi a4 56

Германски „Auto Bild“ повторно се занимава со новата генерација на „Audi A4“, која како и актуелниот модел ќе биде понудена со голем избор на погонски агрегати.

Новиот „A4“ во продажба ќе се појави во текот на 2015-та година, а како би можел да изгледа покажуваат новите нацрти кои ги објави споменатиот „Auto Bild“. Тука треба да се напомене дека по седан верзијата ќе се појават и караванските верзии „Avant“ и „Allroad Quattro“, па новиот „A5 Coupe“, a во текот на 2016-та пристигнуваат и „A5 Cabrio“ и новиот „A5 Sportback“.

Според сегашните најави новиот „A4“ ќе биде полесен (дo 100 kg) и поекономичен од се уште актуелниот модел, меѓуосовинското растојание ќе биде подолго за неколку сантиметри, коефициентот на отпорот на воздухот ќе биде 0.25, а во понудата ќе се најде и хибридна верзија.

audi a4 566

Што се однесува до моторите се споменуваат бензинците 1.4L со 90 kW/122KS и 132 kW/180KS, потоа 2.0L со 166 kW/225KS и 210 kW/286KS, па агрегатот со шестцилиндри кој развива 250 kW/340KS. Дизел моторите би требало да бидат 2.0 TDI во верзии со 90 kW/122KS, 110 kW/150KS и 135 kW/184KS, како и 3.0L шестцилиндричен со 160 kW/218KS и 200 kW/272KS.

Тука ќе биде и верзијата „Plug-in-Hybrid“ наречена „E-Quattro“, а ќе комбинира 2.0L турбо-бензински агрегат со 166 kW/225KS и два електромотори со вкупно 100 kW/136KS.

Од менувачите се споменуваат шестстепен мануелен и како изборен ќе има осумстепен автоматски менувач.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП