петок, јануари 22, 2021
5 °c
Skopje
3 ° пет
5 ° саб
4 ° нед
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум
Денар
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
Денар
Нема резултати
Види ги сите резултати
ADIN 690.00 0%    ALK 13,759.07 -0.14%    CEVI 400.00 -0.25%    GRNT 1,159.37 -1.5%    KMB 7,694.49 -0.14%    MKSD 192.00 0%    MPT 73,533.91 0.47%    SBT 2,899.37 5.43%    STB 1,167.37 1.03%    TEL 319.05 -0.09%    TKVS 5,000.00 2.04%    TNB 18,793.66 -0.03%    UNI 2,530.00 0%    ZPKO 2,911.00 0%    
Почетна ЕКОНОМИЈА

Владата со прв сет економски мерки за ублажување на последиците од коронавирусот

март 18, 2020
во категорија ЕКОНОМИЈА, МАКЕДОНИЈА, НАЈНОВИ ВЕСТИ, ТОП ВЕСТИ
A A
Владата со прв сет економски мерки за ублажување на последиците од коронавирусот
3
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на LinkedInСподели на Twitter

Директна финансиска поддршка за задржување на ликвидноста на микро, малите и средните компани и субвенционирање на придонесите за месеците април, мај и јуни се дел од првиот сет мерки што Владата ќе ги преземе за справување со последиците од коронавирусот.

Обезбедени се 5,7 милиони евра од Развојната банка на Северна Македонија кои ќе се наменат за микро, малите и средни компании чија економска активност е погодена од корона вирусот. Секоја компанија во зависност од бројот на вработени ќе може да добие од три до 30 илјади евра. Мирко компаниите до 10 вработени ќе добијат кредит од три до пет илјади евра, малите компании од 10 до 50 вработени ќе добијат кредит од 10 до 15 илјади евра и средните компании од 50 до 250 вработени ќе може да добијат кредит од 15 до 30 илјади евра.

– Кредитите се бескаматни, грејс период шест месеци и период на отплата 24 месеци, истакна вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска на денешната прес-конференција во Владата.

Втората мерка се однесува на поддршка за исплата на плати. Ќе се субвенционираат придонесите за плати за месеците април, мај и јуни во секторите туризам, угостителство, транспорт и догодени компании од мерките на владата.

– Ќе субвенционираме придонеси по вработен во висина од 50 проценти од придонеси за исплатена просечена плата со тоа што компанијата да не го намалила бројот на вработени под бројот на вработени во февруари, да не исплатила дивидента и да нема исплатено награди и бонуси по влегување на сила на мерката. Само компаниите кои имаат остварено добивка како резултат на работењето во 2020 година ќе вратат субвенции за придонес во износ од 50 проценти од добивката, рече Царовска.

Сетот мерки, како што појасни Царовска, е донесен во соработка со стопанските комори и со експерти од различни ибласти.

– Заеднички дојдовме до сет на мерки и тоа го правиме уште во рана фаза од кризата. Започнуваме со реализација на мерки преку кои заедно ќе се справуваме со економските ефекти од коронавирусот и ќе ги балансираме и ликвидноста на компаниите и ликвидноста на државата, рече Царовска.

За фабриките и погоните се препорачува да се реорганизира работното време со цел да има што помал број вработени во смена и се препорачува дезинфекција после секоја смена.

Заради непречен влез и транзит на товарните возила, Санитарниот инсекторат ќе ги дава дозволите.

Министерката за финансии Нина Ангеловска, повикувајќи се на предвидувањата на меѓународните институции, рече дека најголемиот шок за економијата се очекува во вториот квартал од годината, а веќе од третиот квартал начелно се очекуваат некакви подобрување.

Истакна дека како министерка за финансии се откажува од платата додека траат кризните мерки.

– Време е сите да го дадеме сите најдоброто од себе. Време е за солидарност и човечност, порача министерката Ангеловска. 

Тагови: владакомпаниималимеркимокроподдршка
СподелиСподелиТвитни

Коментари

Претходна Објава

Кинезите со ултравиолетово светло ги дезинфицираат автобусите, клучевите, парите

Следна Објава

Курц: Европа покажа дека нема солидарност кога заканата станува сериозна

ПРОЧИТАЈ ИНФОРМАЦИЈА ПОВЕЌЕ

Кристијано Роналдо стана најдобар стрелец во историјата на фудбалот
АВТОБИЗ

Кристијано Роналдо стана најдобар стрелец во историјата на фудбалот

јануари 21, 2021
31

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо синоќа постигна гол против Наполи (2:0) во Суперкупот на Италија. Овој погодок беше 760. за...

Прочитај повеќе
Еврозоната во декември бележи дефлација, најниски стапки во Грција, Словенија и Ирска
ЕКОНОМИЈА

Еврозоната во декември бележи дефлација, најниски стапки во Грција, Словенија и Ирска

јануари 21, 2021
114

Инфлацијата во еврозоната беше минус 0,3 проценти на годишно ниво во декември, останувајќи во негативна територија четврти месец по ред,...

Прочитај повеќе
ЕЦБ ја остави монетарната политика непроменета
ЕКОНОМИЈА

ЕЦБ ја остави монетарната политика непроменета

јануари 21, 2021
14

Европската централна банка (ЕЦБ) ја остави монетарната политика непроменета на својот прв состанок во 2021-ва година, при што банкарите зазедоа...

Прочитај повеќе
„Lancia“ станува премиум бренд
АВТОБИЗ

„Lancia“ станува премиум бренд

јануари 21, 2021
116

Концернот „Stellantis“, кој обединува 14 брендови од „PSA“ и „FCA“ под едно крило, ја претстави својата нова стратегија за позиционирање....

Прочитај повеќе
Уште една голема марка се откажува од телефонот?
ТЕХНОЛОГИЈА

Уште една голема марка се откажува од телефонот?

јануари 21, 2021
452

Сепак, во последните неколку години, „LG“ помалку го губи чекорот во трката со големите играчи на пазарот на паметни телефони....

Прочитај повеќе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кристијано Роналдо стана најдобар стрелец во историјата на фудбалот

Кристијано Роналдо стана најдобар стрелец во историјата на фудбалот

јануари 21, 2021
Еврозоната во декември бележи дефлација, најниски стапки во Грција, Словенија и Ирска

Еврозоната во декември бележи дефлација, најниски стапки во Грција, Словенија и Ирска

јануари 21, 2021
ЕЦБ ја остави монетарната политика непроменета

ЕЦБ ја остави монетарната политика непроменета

јануари 21, 2021
„Lancia“ станува премиум бренд

„Lancia“ станува премиум бренд

јануари 21, 2021
Уште една голема марка се откажува од телефонот?

Уште една голема марка се откажува од телефонот?

јануари 21, 2021

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

  • Колку е богат новиот претседател на Америка

    Колку е богат новиот претседател на Америка

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Уште една голема марка се откажува од телефонот?

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Нови 72 заразени со Ковид-19, починаа 13 лицa

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • „Tesla“ доби дозвола за изградба на фабрика во Германија

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Не ги игнорирајте овие симптоми, може да укажуваат на дијабетес

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0

ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 21.01.2021
ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 21.01.2021

јануари 21, 2021
2.3k
Неделен хороскоп 18.01.2021 до 24.01.2021
НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

Неделен хороскоп 18.01.2021 до 24.01.2021

јануари 18, 2021
4.1k
Следна Објава
Курц: Европа покажа дека нема солидарност кога заканата станува сериозна

Курц: Европа покажа дека нема солидарност кога заканата станува сериозна

Денар

  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани

Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани