
Сите членки на осигурителната групација САВА (Sava Insurance Group) ги преземаат потребните мерки со кои се заштитуваат вработените, нивните семејства, клиентите и соработниците.


Сите членки на осигурителната групација САВА (Sava Insurance Group) ги преземаат потребните мерки со кои се заштитуваат вработените, нивните семејства, клиентите и соработниците.
“Имајќи ги во предвид развојот и сериозноста на ситуацијата со коронавирусот, ја известуваме јавноста дека САВА осигурување како општествено одговорна компанија која се грижи за своите вработени и клиенти, дава и ќе даде максимален придонес за спречување на ширењето на заразата со Covid-19. Врз основа на состојбата и препораките на Владата за справување со пандемијата, постојано преземаме мерки на претпазливост и одговорно однесување – првенствено, за заштита на здравјето на своите вработени, нивните семејства, клиентите и соработниците. Покрај тоа, ние сме целосно подготвени за продолжување на дејноста и во вакви, вонредни услови”, велат од компанијата.
Континуирано се вршат сите неопходни мерки на заштита, претпазливост и одговорно однесување, за да овозможиме непречено одвивање на работата:
САВА осигурување продолжува со издавање на полиси, обработка на штетите и подмирување на обврските кон добавувачите, бидејќи сме посветени на своите клиенти тогаш кога е најпотребно.
Останете дома и безбедни. Никогаш сами!