24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ денес ги затвора границите

ЕУ денес ги затвора границите

Европската унија денеска ги затвора своите надворешни граници на 30 дена во борбата против пандемијата на коронавирусот, изјави францускиот претседател Емануел Макрон, во понеделникот и најавувајќи државни гаранции за помош на економијата, одложување на изборите, реформи и плаќање на трошоците.

„Сите патувања помеѓу неевропските земји и Европската унија ќе бидат прекинати на 30 дена“, изјави Макрон во обраќањето до нацијата.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен во понеделникот предложи, како дел од напорите за спречување на ширењето на коронавирусот, привремени ограничувања за влез во Европската унија во траење од 30 дена и тоа го објави на прес-конференција по видео конференција со членови на групата G7.

Тој предлог мора да биде одобрен од земјите членки, а тоа се очекува денес кога ќе се одржи видео конференција на лидерите на 27 земји членки.

Ограничувањата би се однесувале за патувања на државјани на трети земји кои не се неопходни.

Макрон, исто така најави дека француските граѓани мораат да останат дома, а ќе заминат само поради важни причини, како одраз на мерките против новиот коронавирус кои веќе се применети во Италија.

Мерката стапува на сила денес на пладне и ќе трае најмалку 15 дена, а „секое кршење на тие правила ќе биде казнето“, предупреди Макрон во обраќањето до нацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП