3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд денеска горивата со драстично пониски цени

Од денеска горивата со драстично пониски цени

Рекордно намалување на цените на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ. Бензините се намалија за седум и пол денари, а дизелот за шест денари за литар. Намалувањето е резултат на драстичниот пад на цената на суровата нафта на светските берзи поради новонастаната ситуација со коронавирусот.

Новата цена на Еуросупер БС-95 сега изнесува 54,50 денари за литар, на Еуросупер БС-98 е 56,50 денари, дизелот се продава по 48,50 денари, додека литар Екстра лесното масло за домаќинство чини 37,50 денари.

Регулаторната комисија за енергетика, како што истакна, ќе работи со дежурства и сите контакти со граѓаните ќе се одвиваат по електронски пат. Архивата на РКЕ ќе биде затворена, а граѓаните ќе можат дописите да ги доставуваат на соодветно обезбедено место или се препорачува тоа да го прават преку пошта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП