ПочетнаКОМПАНИИ„Најк“ ги затвора сите продавници во САД и уште во неколку земји

„Најк“ ги затвора сите продавници во САД и уште во неколку земји

Американскиот гигант за спортска облека и обувки „Најк“ објави дека ги затвора сите свои продавници во САД и неколку други земји за да се ограничи ширењето на коронавирусот.

Продавниците на „Најк“ во Канада, Западна Европа, Австралија и Нов Зеланд ќе бидат затворени од 16 до 27 март, се вели во соопштението на компанијата.

Сепак, продавниците на „Најк“ во Јужна Кореја, Јапонија, голем дел од Кина и многу други земји во моментов се отворени и ќе продолжат да работат нормално.

„Најк“ презема дополнителни чекори за одредени работни позиции, вклучително и можност за работа од дома, се додава во соопштението.

На почетокот на месецов, „Најк“ привремено го затвори своето седиште во Холандија, откако еден од нивните вработени беше заразен со вирусот.