28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНето приходот на Saudi Aramco падна 20,6 проценти

Нето приходот на Saudi Aramco падна 20,6 проценти

Саудиската нафтена компанија Aramco соопшти денеска дека нејзините нето приходи во 2019 година паднале за 20,6 проценти, од 111,1 милијарди долари на 88,2 милијарди долари.

Годишниот профит на компанијата паднал за 21 процент поради пониските цени на нафтата и смалениот обем на производство.

Нето профитот достигнал 330,69 милијарди ријали (88,11 милијарди долари) по оданочувањето, во периодот заклучно со 31 декември, а бил понизок во однос на 416,52 милијарди ријали претходната година.

На име дивиденди вкупно се исплатени 73,2 милијарди долари во текот на 2019 година.

„Неодамнешното избивање на епидемијата од коронавирусот, ја покажа важноста на прилагодувањето на глобалниот пазар кој постојано се менува. Стратегијата на Saudi Aramco е да ја зачува силата на компанијата во поглед на работењето и финансиите. Веќе презедовме чекори да го рационализараме планираното трошење во 2020 година“, изјави извршниот директор на Aramco, Амин Х. Насер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП