21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАШест нови лица позитивни на коронавирус

Шест нови лица позитивни на коронавирус

Шест нови лица се позитивни од коронавирус, со што се дијагностицирани вкупно 18 пациенти во земјава.

Министерот за здравство, Венко Филипче, на прес-конференцијата информираше дека денеска биле тестирани 12 лица. Од нив шест се позитивни – петмина од Дебар и една пациентка што стигнала од Шпанија.

„Пациентка стигнала со авион на „Визер“ од Барселона, патувала со заштитна маска и ракавици“, рече министерот.

За сите 51 патник од авионот е дадено решение за здравствен надзор, односно домашна самоизолација.

Филипче кажа дека петмината новозаболени се во болницата во Дебар, каде има кадар кој може да ги лекува овие пациенти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП