29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСЗО: Европа ново жариште на коронавирусот

СЗО: Европа ново жариште на коронавирусот

Светската здравствена организација тврди дека Стариот континент пријавил повеќе заразени и мртви од остатокот на светот заедно, со исклучок на Кина.

Европа ја надмина Кина како светско жариште на коронавирусот, изјави претседателот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адханом Гебрејесус.

„Европа сега стана епицентарот на пандемијата COVID-19“, изјави тој на прес-конференцијата во Женева.

Лидерот на СЗО истакна дека европскиот континент пријавил повеќе заразени и мртви од остатокот на светот заедно, со исклучок на Кина.

Тој додаде дека Европа секој ден пријавува повеќе нови заболени луѓе од Кина,  држава во која беше врвот на епидемијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП