27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропска агенција: Корона не се пренесува преку храна

Европска агенција: Корона не се пренесува преку храна

„Нема докази дека коронавирусот се пренесува преку храна“, соопшти Европската агенција за безбедност на храна. Главниот научник на агенцијата, Марта Хагас, истакна дека претходните епидемии поврзани со коронавирусот, покажуваат дека немало пренос преку консумирање на храна.

„Во овој момент, не постојат докази кои укажуваат дека коронавирусот на кој било начин е различен во тој поглед“, изјави Хaгас.

И германската агенција за проценка на ризик наведува дека во моментов не постојат случаи кои покажале било каков доказ дека луѓето се заразени со новиот тип на коронавирус преку конзумирање на заразена храна или преку увезени играчки.

Светската здравствена организација како најважни препораки по прашањето храна ги навела, добро готвење на месото, избегнување можна контаминација помеѓу готвена и неготвена храна како и водење сметка за хигиената за време на подготовката на храната.

Иако истражувачите и понатаму ги испитуваат деталите како се пренесува вирусот, Европскиот центар за превенција и контрола на болести потврди дека коронавирусот се шири помеѓу луѓето при кашлање и кивање.

Европската агенција за безбедност на храна се наоѓа на северот на Италија, во Парма и е опфатена со мерките на италијанската влада во борбата против ширењето на коронавирусот, па вработените во оваа агенција работат од дома.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП