И сами можете да направите ефективен дезинфициенс за раце.
Ако овие денови се упативте кон продавницa во потрага за течни сапуни или дезинфекциски средства, сигурно сте забележале дека не е лесно да ги најдете. За среќа, квалитетно дезинфекциско средство за раце може да се направи и дома, и тоа само од неколку состојки.
Се разбира, најважната состојка е медицинскиот алкохол. Станува збор за етанол измешан со вода, а за да биде што е поефикасен за дезинфекција, уделот на алкохол мора да изнесува 90 проценти или повеќе.
Со само уште две состојки можете да направите сопствени залихи на средства и така грижата за своето здравје да ја преземете во свои раце, независно од состојбата во продавниците.
Потребни состојки за дезинфициенс:
2/3 чаша медицински алкохол
1/3 гел алое вера
5 капки есенцијално масло по избор
Начин на подготовка:
1. На гелот од алое вера, кој може да се купи во секоја аптека, придодадете медицински алкохол, и плус додадете од вашиот најдраг мирис на есенцијално масло.
2. Мешајте се додека не добиете компактна смеса, а потоа ставете ја во сад со пумпица за средството да биде што поедноставно за користење.