26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПет компании за еден ден изгубија 321 милијарди долари

Пет компании за еден ден изгубија 321 милијарди долари

Понеделникот беше најлошиот ден за американските берзи уште од финансиската криза во 2008 година.

Петте највредни технолошки фирми изгубиле 321,6 милијарди долари од вредноста, а на Apple се однесува скоро третина од таа сума.

Акциите на производителот на iPhone паднаа за 7,9 проценти. Microsoft, Facebook и Alpfabet изгубија повеќе од шест проценти, a Amazon 5,3 проценти.

Падот на пазарот е поттикнат од ширењето на коронавирусот и падот на цената на нафтата.

Саудиска Арабија во текот на викедот ги намали официјалните продажни цени на суровата нафта за април, откако ден претходно пропаднаа преговорите на ОПЕК и Русија.

Кога станува збор за големите технолошки компании, инвеститорите се загрижени за падот на економската активност и потрошувачката предизвикана од коронавирусот.

Индустрискиот индекс Dow Jones потона повеќе од 2.000 поени во понеделникот, што е најлош ден од 2008 година.

S&P 500 падна за 7,6 проценти, што е најголем пад од 1 декември 2008 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП