По претставувањето на новиот уред Find X2, кинескиот Oppo го претстави и долгоочекуваниот паметен часовник, за кој многумина велат дека неодоливо потсетува на Apple Watch.
Часовникот доаѓа со ширина од 46мм и OLED екран од неполни 2 инчи. Поседува фитнес тракер, сензор за отчукувања на срцето, eSIM поддршка, а отпорен е на вода до длабочина од 50 метри. Исто така, го поддржува последниот VOOC стандард за брзо полнење, кој би требало да го наполни речиси до половина за само 15 минути. Од Oppo наведуваат дека со нормално користење на батеријата може да трае до 40 часа или до 21 ден со вкучен режим за чување на батерија.
Она што е исто така интересно кај овој часовник е софтверот, а ќе го користи на компанијата ColorOS, кој е направен баш за носливи уреди. Во продажба ќе биде од април ширум светот, по цена од нешто повеќе од 200 долари.